Тома Берар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грбот на Тома Берар

Тома Берар или Тома Беро бил дваесеттиот Голем мајстор на витешкиот ред Темплари, од 1256 до 1273. Тој напишал неколку писма до англискиот крал Хенри III, опишувајќи му ја мизерната ситуација во Светата земја. Тој создал соработка омеѓу различните витешки редови, помеѓу кои птретходно преовладувало ривалство. Со ова се согласиле Големите мајстори: Хуго де Ревел од Болничарите и Ано Зангершаузенски од Тевтонскиот ред. Во 1256 година, големата темпларска тврдина Сафед била опсадена од Мамелуците по неуспешниот обид за освојување на Пилгримовиот замок. Се смета дека гарнизонот бил предаден од подмитен сиријски војник. Сите тамплари и болничари биле обезглавени, бидејќи не сакале да го примат Исламот. Останатите тврдини биле опсадени и освоени следни. Исто така и градот Антиох бил уништен и никогаш повеќе не бил обновен. Падот на градот Антиох ги оставил темпларските тврдине на Аманските планини лесни за напад од страна на напаѓачите. Одличното место за утврдување, Гастон коешто се наоѓало на патот до Сирија, било одбрането од мал број на темплари. Сепак, тие решиле да останат и да го задржат и заштитат утврдувањето, но биле предадени од предавник од нивните редови. Големиот мајстор Тома Берар испратил поштар преку кој го известил редот да се повлечат до Ла Рош Жилом. Во февруари 1271 година, [[Кастел Бланк] се одвоил од редот предводен од Големиот мајстор Тома Берар и добил дозвола да се повлече до Тортоса. Во јуни истата година, Монтфорт, последниот Христијанин којшто се утврдил во Светата земја бил вратен.


Претходник
Режинал де Вишје
Голем мајстор
12561273
Наследник
Гијом де Божоа