Прејди на содржината

Тома Бакрачев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тома Бакрачев
Роден 9 октомври 1877
Вишени, Костурско, Егејска Македонија
Починал 4 ноември 1951
Софија, Бугарија

Тома Кузманов Бакрачев (познат и под псевдонимот Леонид Голштајн[1]) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.

Животопис

[уреди | уреди извор]
Цариградскиот комитет на ВМРО во 1903 г. со Никола Милев, Тома Бакрачев и Пере Тошев

Бакрачев е роден во селото Вишени, Костурско на 9 октомври 1877 година, тогаш во Отоманското Царство. Првично се занимавал со трговија. Живеел во Цариград, каде станал член на месниот реонски комитет на ВМРО. Раководел со Костурско-Леринското друштво во Цариград (1901), додека им помагал и на Солунските атентатори така што ја организирал доставата на динамитот во Солун. По атентатите бил уапсен и добил смртна пресуда во 1903 г. која подоцна била заменета со доживотен затвор, а на крајот во 1908 г. бил амнестиран за време на Младотурската револуција. Подоцна живеел во Софија, каде што во 1914 година ја отворил првата бродска агенција во земјата.[2][3]

По окупацијата на Грција за време на Втората светска војна, на почетокот на април 1943 година, по иницијатива на централниот комитет на СМЕО, тој заедно со Спиро Василев, Георги Киселинчев, Димитар Палчев и Никола Трифонов заминале во Егејска Македонија за да ја проверат состојбата на населението. Подоцна за тоа пишувале и барале помош и акција.[4] Починал на 4 ноември 1951 г. во градот Софија, Бугарија.

  1. Николов, Борис Й (1999). ВМОРО : псевдоними и шифри 1893-1934. София: Издателство „Звезди“. стр. 60. ISBN 954-9514-17 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).
  2. Николов, Борис Й (2001). Вътрешна македоно-одринска революционна организация: Войводи и ръководители (1893-1934): Биографично-библиографски справочник. София: Издателство „Звезди“. стр. 16. ISBN 954-9514-28-5.
  3. Пелтеков, Александър Г (2014). Революционни дейци от Македония и Одринско (Второ допълнено издание. изд.). София: Орбел. стр. 39. ISBN 9789544961022.
  4. Мичев, Добрин (1998). „Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)“. Македонски преглед. кн. 1. Посетено на 10 октомври 2015.