Томас Транстромер
![]() ![]() | |
---|---|
![]() Транстромер во 2008 год. | |
Роден/а | Томас Госта Транстромер 15 април 1931 Стокхолм, Шведска |
Занимање | Поет, психолог |
Националност | Швеѓанин |
Период | 1954 |
Значајни дела | Недовршениот рај Прозорци и камења Балтик За живите и за мртвите Тажната гондола |
Значајни награди | Нобелова награда за литература 2011 |
Сопруг/а | Моника Блад |
Томас Транстромер (шведски: Tomas Tranströmer, р. 15 април 1931) — шведски поет, психолог и преведувач. Во неговата лирика се даваат описи за нордиската зима, ритамот и убавината на пејсажите и природата. Низ неговата поезија се чувствува и прикриена нишка на мистика, помешана со блага религиозност. Ужива голема меѓународна почит, за што говори и податокот дека неговите дела се преведени на повеќе од 60 светски јазици. Се смета за еден од најзначајните повоени европски поети. Во 2011 година ја добил Нобеловата награда за литература, со што станал седмиот носител на такво признание од својата земја.[1] Освен на Нобеловата награда, Транстромер е добитник и на Златниот венец од Струшките вечери на поезијата, со кој се закитил во 2003 год.
Шведската кралска академија откри еден многу интересен податок поврзан со името на овој поет. Имено, Транстромер бил номиниран буквално секоја година за Нобеловата награда, почнувајќи од 1993. Како причини поради кои ја понел оваа престижна награда, кралската академија ги наведе големите филозофски теми кои се опфатени во неговите стихови, како прашањата за смртта, историја, спомените и природата. По прифаќањето на наградата, речиси веднаш биле преведени првите два тома од Томасовата поезија на повеќе странски јазици. Инаку, Транстромер е 108-от добитник на ова признание, и првиот Швеѓанец од 1974 год.[2]
Содржина
Дела[уреди | уреди извор]
- 17 поеми (1954)
- Тајни на патот (1958)
- Неодвршениот рај (1962)
- Звуци и шини (1966)
- Патеки (1973)
- Балтик (1974)
- За живите и за мртвите (1989)
- Тажната гондола (1996)
- Големата загатка (2004)
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Салсбери, Стивен. „Гледајќи го невидливото: Суштината на поезијата на Транстромер“.
- ↑ Босман, Џули. „Шведски поет ја доби Нобеловата награда за литература“.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Официјална веб-страница на Томас Транстромер
- Негова целосна биографија
- Биографија и дел од поемите на Транстромер
- Награди, признанија и видео клипови
Поврзано[уреди | уреди извор]
|
|