Томас Волси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Томас Волси
Thomas Wolsey
Cardinal Wolsey Christ Church.jpg

Во служба
1515 – 1529
Претходник Вилијам Вархем
Наследник Сер Томас Мор

Во служба
1514 – 1530
Претходник Кристофер Бинбриџ
Наследник Едвард Ли
Лични податоци
Роден(а) 1471 или 1475?
Испвич, Суфолк, Англија
Починал(а) 11 (1531) (60)
Личестер, Личестершир, Англија
Националност Англичанин
Вероисповед Римокатоличка црква

Томас Волси (околу 1471 или 1475? - 29 ноември 1530) бил англиски државник и кардинал на Римокатоличката црква во Англија.

Во времето кога Хенри VIII станал крал на Англија во 1509 година, кариерата на Волси тргнала нагоре. Излегувајќи на политичката сцена, тој станал еден од највлијателните луѓе во Англија[1]. Во 1515 година бил избран за прв советник на кралот, како и кардинал. На тој начин тој бил првиот лорд канцелар на кралот, позиција која му давала за право да зема големи одлуки од политичкиот живот во Англија. Често пати бил нарекуван како alter rex (втор крал).

Во времето на Англиската реформација, Волси започнал да ги губи своите позиции. Најголем проблем на Волси му била дадената задача од страна на кралот Хенри VIII да го поништи неговиот брак со Катерина Арагонска. Волси го повикал црковниот суд во Англија, со специјален делегат пратен од папата. Сепак, Папата му забранил на Хенри да стапи во нов брак сè додека не се донесе одлука во Рим, а не во Англија. Ана и многубројните непријатели на Волси, сметале дека тој е од страната на папата, па така во 1529 Хенри го отпуштил од неговата должност и го уапсил, доколку не умрел од болест во 1530, тој би бил погубен поради предавство.

Наводи[уреди]

  1. Oxford Dictionary National Biography, Thomas Wolsey.