Токиска берза
Изглед
Токиска берза — берза на хартии од вредност со седиште во Токио.
Историја
[уреди | уреди извор]Токиската берза е основана во 1878 година. Процесот на дерегулација на јапонскиот пазар на капитал започнал во 1985 година, кога Токиската берза примила во членство ограничен број странски брокерски фирми.[1]
На 1 јануари 2013 година се споиле Токиската берза и берзата во Осака, втората голема берза во Јапонија, создавајќи една од најголемите берзи во светот.[2][3][4]
Организација и регулација
[уреди | уреди извор]На Токиската берза, котираат над 3 500 акционерски друштва, поделени во пет оддели:[5]
- Првиот оддел ги сочинува најголемите фирми и го претставува најголемиот дел од берзата, со повеќе од 2 000 друштва.
- Вториот оддел е составен од средно големи компании и брои над 500 фирми.
- JASDAQ е дел од секторот растечки компании и брои над 750 фирми, кои претходно се тргувале на Берзата во Осака, која во 2013 година се споила со Токиската берза и ја формирале денешната Јапонска берзанска група.
- Одделот „Мајки“, исто така, е дел од секторот растечки фирми и брои над 240 компании
- ПРО секторот, кој е основан во 2009 година во соработка со Лондонската берза, брои само 19 компании.
Пазарни показатели
[уреди | уреди извор]Јапонскиот пазар на акции е третата најголема берза во светот, со пазарна капитализација од 6,2 трилиони долари во 2018 година.
„Никеи 225“ и „ТОПИКС“ се двата најважни берзански индекси на Токиската берза.[6][7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Cheol S. Eun and Bruce G. Resnick, International Financial Management. Boston etc.: Irwin/McGraw-Hill, 1998, стр. 10.
- ↑ „Japan approves merger of Tokyo and Osaka exchanges“. BBC News. 5 July 2012. Посетено на 7 February 2014.
- ↑ Smith, Simon (22 January 2014). „Horizons introduces leveraged and inverse MSCI Japan ETFs“. eftstrategy.com. Посетено на 7 February 2014.
- ↑ „About JSCC History“. Japan Securities Clearing Corporation. Архивирано од изворникот на 2017-07-02. Посетено на 7 February 2014.
- ↑ en.wikipedia.org
- ↑ „The Nikkei 225 Index Performance“. Finfacts. Архивирано од изворникот на 2019-10-28. Посетено на 7 February 2014.
- ↑ „Tokyo Stock Exchange Tokyo Price Index TOPIX“. Bloomberg. Посетено на 7 February 2014.