Токио Џо

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Токио Џо“ (англиски: Tokyo Joe) – филм на режисерот Стјуарт Хејслер (Stuart Heisler) од 1949 година. Автор и на сценариото е Филип Јордан (Phillip Yordan), а главните улоги ги играат: Хамфри Богарт (Humphrey Bogart), Флоренс Марли (Florence Marly) и Сесуе Хајакава (Sessue Hayakawa).[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

По капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна, американскиот иселеник Џозеф Барет (го игра Богарт) сака да заживее еден ноќен клуб во Токио кој го водел пред војната. Меѓутоа, набргу открива дека неговата сопруга Трина (ја игра Марли), за која мисли дека е мртва, се омажила за друг маж со кого има ќерка. И додека Барет се бори да добие дозвола за престој во Јапонија, него го уценува злосторникот Кимура (го игра Хајакава), кој на Барет му нуди една валкана работа...

Наводи[уреди | уреди извор]