Тодор Шукаров
| Тодор Шукаров | |
|---|---|
Шукаров во Шеесет и третиот пешадиски полк на Бугарската војска | |
| Роден(а) | Тодор Илиев Шукаров 1889 Велес, Солунски Вилает, Отоманска Империја |
| Починал(а) | 1940 (возр. 50-51) Софија, Царство Бугарија |
Тодор Илиев Шукаров (Велес, 1889 — Софија, 1940) — македонски просветител и офицер. Учесник во Балканските војни и подоцна Првата светска војна како дел од Четиринаесетиот македонски пешадиски полк.
Животопис
[уреди | уреди извор]Тодор Шукаров е роден во 1889 година во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Стекнал више образование во Софискиот универизтет „Св. Климент Охридски“ за војна. Меѓу 1911-1913 година учителствувал во Сер.[1] За време на Втората балканска војна Шукаров се приклучил во Бугарската војска, поточно Четиринаесетиот македонски пешадиски полк. После војната се вратил во Софија.[2]
За време на Првата светска војна, дејствувал како војник и курир за Шеесет и третиот пешадиски полк на Бугарската војска. После војната се вратил во Софија.[2] Починал во 1940 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Тренчев, Георги (2024). Учители в Серското мъжко педагогическо училище, 1895 — 1913. Софија: Македонски научен институт. стр. 156.
- 1 2 Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 72.