Тодор Трипуновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тодор Трипуновски
Роден 1921 година
Брњарци, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1944 година
Берово
Националност Македонец

Тодор Стевков Трипуновски ( 1921 Брњарци, Скопско1944 во Берово) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. [1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнува од сиромашно семејство. Основното училиште го завршил во селото, а подоцна се занимавал со земјоделство. Капитулацијата на фашистичка Бугарија го затекнала во редовите на бугарската окупаторска војска, во која бил регрутиран. Потоа, се префрлил во единиците на народноослободителната војска на Македонија, во чиј состав учествувал во завршните борби за ослободување на Македонија. Во една борба против германските единици, храбро загинал кај Берово. Бил закопан на борбената позиција.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 151. На |first= му недостасува |last= (help)