Тодор Петрушевски
Тодор Велков Петрушевски ( 1921 во Сопиште, Скопско — 23 мај 1945 во Белград, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Потекнувал од бедно семејство. Во 1937 година станал шивач. Како таков, почнал да обезбедува заработувачка за семејството. Во 1940 година се вработил на железницата, а пред заминувањето во партизани работел во монополот. Активно се вклучил во Народноослободителното движење. Како активист собирал народна помош и вршел разни курирски и други задачи. Во септември 1944 година стапил во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во борбите против балистите и Германците за ослободување на Велес и Скопје. Во ноември 1944 година бил префрлен во Шеснаесеттата македонска ударна бригада со која учествувал во борбите против балистите на Косово, а потоа во битките во Срем. По успешниот пробив на германско-усташките позиции кај Шид-Товарник, на 16 април 1945 година бил тешко ранет во градниот кош и левата рака. Итно бил префрлен на лечење во болница, но подлегнал на раните. На 24 мај 1945 година бил закопан на новите гробишта во Белград.[1]