Тодор Павлов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Todor Pavlov.jpg
Роден 14 февруари 1890
Штип, денес Република Македонија
Починал 8 мај 1977
Софија, Бугарија

Оваа статија е за комунистот Тодор Павлов. За дипломатот Тодор Павлов видете Тодор Павлов

Тодор Димитров Павлов бил комунист, политичар и филозоф од Бугарија со потекло од Македонија. Во светски рамки е познат како еден од главните застапници на теоријата на одразот.

По доаѓањето на Отечествениот фронт на власт во Бугарија, Павлов е еден од тројцата регенти на Царството Бугариjа во периодот 1944-1946. Потоа бил член на Централниот комитет на Бугарската комунистичка партија од 1957, член на Политбиро од 1966, два пати член на Президиумот на Народното собрание (1947-1954 и 1962-1971), претседател на Бугарската академиjа на науките (БАН) во периодот 1947-1962[1], по 1962 - почесен претседател на БАН, директор на Институтот по филозофија во БАН (1949-1952 и 1960-1977), почесен претседател на Сојузот на бугарските писатели.[2]

За Гоце Делчев и македонското национално движење[уреди | уреди извор]

„Гоце Делчев уште во младоста се оформи во голем стратег, тактичар и организатор на македонското национално револуционерно дело, поврзано и со други македонски национални револуционерни дејци: Јане Сандански, Никола Карев, Васил Главинов, Веле Марков, Димо Хаџи Димов и други."[3]


„Гоце навистина стана голема македонска легенда; она што Караџата, Левски и Ботев беа за бугарскиот народ, Гоце беше за македонскиот народ.“[4]


„Гоце, со целата своја револуционерна дејност и сфаќања, практично, многу придонесе за формирањето и развојот на македонската национална (македонскословенска, а не бугарска и не српска) свест… Heму, се разбира, му беше позната и дејноста Теодосиј Гологанов и Партение Зографски на Ѓорче Петров, Мисирков, Петар Попарсов и Лозарите… Желбите на Гоце, сега се историски факт кој со никакви извртувања и со никакви провокативни подметнувања и интриги од нашите бугарски реакционери, кои сакаат да го вратат назад тркалото на историјата, не може да биде ниту одречен, ниту омаловажен или потценет.“[5]


Извори[уреди | уреди извор]

  1. Историски дел на страницата на БАН.
  2. "Речник на бугарската литература", 3 том, Издавачка куќа на БАН, Софиjа, 1982, стр. 8-9.
  3. Говорот на Тодор Павлов за Гоце Делчев, стр. 1, 1946 година, Софија
  4. Говорот на Тодор Павлов за Гоце Делчев, стр. 10, 1946 година, Софија
  5. Говорот на Тодор Павлов за Гоце Делчев, стр. 11, 1946 година, Софија

Надворешни врски[уреди | уреди извор]