Тодор Бурмов
| Тодор Бурмов | |
|---|---|
| Слика од Тодор Бурмов | |
| 1от Премиер на Бугарија | |
| На должноста 17 јули, 1879 – 6 декември, 1879 | |
| Монарх | Александар I Батенберг |
| Претходник | никој |
| Наследник | Васил Друмев |
| Министер на внатрешни работи | |
| На должноста 17 јули, 1879 – 6 декември, 1879 | |
| Премиер | Самиот себеси |
| Претходник | никој |
| Наследник | Димитар Греков |
| Министер за образование и наука | |
| На должноста 17 јули, 1879 – 7 август, 1879 | |
| Премиер | Самиот себеси |
| Претходник | никој |
| Наследник | Георги Атанасович |
| Министер за финансии | |
| На должноста 18 март, 1883 – 19 септември, 1883 | |
| Премиер | Леонид Соболев |
| Претходник | Леонид Соболев |
| Наследник | Григор Начович |
| На должноста 21 август, 1886 – 24 август, 1886 | |
| Премиер | Васил Друмев |
| Претходник | Петко Каравелов |
| Наследник | Иван Гешов |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 14 јануари, 1834 Габрово, Отоманско Царство |
| Починал(а) | 7 ноември, 1906 Софија, Кнежевство Бугарија |
Тодор Бурмов, роден како Тодор Стојанов Бурмов (руски: Тодор Стоянов Бурмов; Габрово, 14 јануари 1834 ― Софија, 7 ноември 1906) ― истакнат русофилски политичар од Бугарија,[1][2] служел како првиот премиер на Бугарија. После неговото кратко трајно премиерство станал министер за внатрешни работи, образование и науки и две мандати за министер на финансии. Низ неговиот живот бил словенофил но постепено станал русофил, покрај ослободувањето на Бугарија станал голем русофил со единствени интереси во Русија наместо Бугарија.[3]
Помеѓу 1896 и 1897 за време на Критското востание ја напишал брошурата „Братско објаснување на Бугарин на неговите сограѓани Бугари“ каде што го сметал бугарскиот народ како потомци на Русите и дека народот требал да се ориентира кон Русија,[4] Бурмов исто така го потврдил руското учество врз формирањето на денешниот јазик во Бугарија.[5] За време на премиерството на Стефан Стамболов, Бурмов како голем дел од тогашните русофили биле уапсани и изолирани како обид од тогашната влада на Бугарија да формирала вештачки бугарски идентитет.[6]
Животопис
[уреди | уреди извор]Образование и учителска дејност во Габрово
[уреди | уреди извор]Бурмов бил дипломиран во Киевската духовна академија,[7] во Руската Империја и потоа работел како учител во Габровското училиште и уредувал различни русофилски весници.[8] Со доаѓањето на Бурмов за учител во 1857 год. започнала модернизацијата на Габровското училиште. Тој ги поставил основите на класното училиште, и вовел нови предмети: логика, физика, геометрија, француски и новобугарски јазик. Но, против неговата волја, во учебната програма биле задржани грчкиот и турскиот јазик како предмети.[9] Во тој момент многу бугарски градови веќе поднесувале петиции до султанот дека не сакаат да бидат под грчка црковна власт и не сакаат грчки јазик во црквите и училиштата. Затоа, штом станал учител, тој едноставно го исфрлил грчкиот јазик од настава, воден од национален интерес и од пошироко човечко гледиште. Тоа предизвикало силни протести од страна на стариот учител Христодул Костович и од дел од конзервативните и уплашени Габровци, кои биле приврзани кон старото или се плашеле од сè ново. Бурмов, пак, се потпирал на група млади ентузијасти кои ги собрал околу себе и кои биле во националното движење за црковна и политичка слобода.[9]
Конфликтот не бил само околу грчкиот јазик – тој се проширил и на целите реформи што Бурмов ги вовел: нова учебна програма, подобар ред и дисциплина, промени во казните, јавни испити и слично. Борбата станала многу остра, дошла до длабока омраза, бидејќи двете страни имале сосема различни погледи на општествените движења – едните напредни и национални, другите конзервативни и гркофилски. На крајот, Христодул Костович сфатил дека новото движење силно напредува и дека не може да се задржи, па заминал од Габрово засекогаш. Грчкиот јазик останал формално во програмата (за некаков компромис), но без предавач, а турскиот јазик воопшто не се вовел на почетокот на таа учебна година. Противниците на Бурмов го искористиле токму тоа како оружје – многу родители ги извадиле децата од габровското училиште и ги испратиле во Пловдив, наводно за да учат турски. Борбата станала уште поостра, сега наводно околу турскиот јазик, кој бил јазикот на власта и од кој зависело опстојувањето на самото училиште. Под тој притисок Бурмов на крајот отстапил и го вовел турскиот јазик, но набргу потоа, на 3 февруари 1860 година, го напуштил Габрово и заминал за Цариград.[9]
Политичка дејност
[уреди | уреди извор]За време на периодот на османлиското владеење, Бурмов, заедно со Гаврил Крастевич, го привлекол вниманието како дел од умерената фракција која барала независна егзархија која ќе остане поврзана со Цариградската патријаршија во Истанбул во опозиција на потврдокорните националисти кои се залагаа за целосен раскол.

Бурмов бил близок соработник на Александар I Батенберг и затоа бил одбран за премиер на новата независна земја на 17 јули 1879 година и покрај релативната слаба позиција на конзервативците. Режимот на Бурмов најмногу бил вклучен во обидот да се стабилизира новата земја, исто така ставале на Варна и другите области на муслиманските бунтови под воена состојба. Владата во голема мера се покажала како неуспешна поради недостигот на поддршка за конзервативците во Собранието и таа падна истата година.
После неговата политичка кариера се вратил во новинарството, Бурмов подоцна ги напушти конзервативците и станал член на Прогресивната либерална партија на Драган Цанков.[8] Почина во 7 ноември, 1906 година во Софија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ БУРМОВ, Тодор Стоянов (2015) од Соединение
- ↑ 2 януари 1834 - роден е Тодор Бурмов (2015) од Габрово дејли
- ↑ Енев, Цонко (1995). Наместниците на България при княз Александър I Български. Изд. авт. стр. 264. ISBN 9789547998551.
- ↑ Тодор Бурмов – просветител и общественик (2024) од Румен Стоилов
- ↑ Геориев, Владамир (1958). Славистичен сборник. Bŭlgarska akademii︠a︡ na naukite. стр. 36.
- ↑ ТОДОР БУРМОВ: „Никога не се занимавайте с политика“ (2011) од Милена Катошева
- ↑ Ivan Ilčev, Valery Kolev, Veselin K. Jančev (2005). Bulgarian Parliament and Bulgarian Statehood, 125 Years National Assembly 1879-2005. St. Kliment Ohridski University Press. стр. 33. ISBN 9789540721972.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- 1 2 „Министер за финасии профил“. Архивирано од изворникот на 2012-03-20. Посетено на 2024-06-05.
- 1 2 3 Ранков, Васил (1900). „Габровското училище (очеркъ)“. Юбилеенъ сборникъ по случай на 25-годишнината от първия випускъ на Габровската Априловска Гимназия. Пловдив. стр. 10–12.
| ||||||||||||||||||||||