Тодор Атанасовски
| Тодор Атанасовски | ||
| Роден | 1925
Кавадарци, Кралство СХС | |
|---|---|---|
| Починал | 26 јули 2018
Скопје, Македонија | |
| Националност | Македонец | |
| Народност | Македонец | |
Тодор Атанасовски (Кавадарци, 1925 - Скопје, 26 јули 2018 ) — македонски национално-политички деец и генерал-полковник на ЈНА. Бил активен учесник во работничкото движење спроти Втората светска војна и воено лице од НОБ (1941). Подоцна работел како комесар на баталјон и бригада во рамките на ЈНА.[1]
По ослободувањето, завршил Виша воена академија и како активен офицер бил началник на Штабот на Народната одбрана на Скопје, потоа оперативен началник и командант на Територијалната одбрана на Македонија. Исто така бил член на централниот комитет на СКМ и претседател на Сојузот на борците од НОВ.
По осамостојувањето на Република Македонија членувал во Советот за национална безбедност. Автор е на голем број коментари од дневниот печат и на неколку стручни студии.[2]