Тодор Јакимов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тодор Јакимов
Роден 1926
Велес, Кралство Југославија
Националност Македонец
Занимање професор

Тодор Јакимов (роден во 1926 година во Велес) — македонски професор на Електротехничкиот факултет во Скопје.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Јакимов дипломирал на Електротехничкиот отсек при Техничкиот Факултет во Загреб (1952) и се вработил во фабриката за електрични производи „Југ” во Скопје. Во 1953 г. преминал на работа во составот на новоформираната група за изградба на Рудници и железарница „Скопје”, каде што останал до 1969 г. Во 1961 г. бил избран за доцент на Електротехничкиот факултет во Скопје. Во 1966 г. бил избран за виш предавач, 1971 за вонреден професор, а во 1976 г. за редовен професор на Електротехничкиот факултет во Скопје.

Докторирал на Електротехничкиот факултет во Загреб. Бил Декан на ЕТФ во Скопје. Во периодот од 1969 до 1973 г. бил ангажиран како советник во Рудници и железарница „Скопје”, од 1973 г. бил технички советник во Индустријата за никел, челик и антимон „ФЕНИ” од Кавадарци, а од 1982 до 1992 г. бил технички советник на Електроиндустријата „ЕМО” – Охрид.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Јакимов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 630. Text "series " ignored (help)