Товарен вагон

Товарен вагон — железничко возило што се користи за пренос на товар.[1]
Развој
[уреди | уреди извор]На почетокот на железничката епоха, првично речиси исклучиво се користеле двоосни товарни вагони од едноставен тип. Најчесто се употребувале покриени товарни вагони, отворени вагони со странични табли, како и рамни вагони (со и без држачи). Првично едноставните возила, со текот на времето, биле сѐ повеќе специјализирани за соодветниот товар и за објектите за товарење и растоварување.
Посебни вагони за ограничена употреба, конкретни товари или со посебни својства биле воведени уште околу 1850 г. како таканаречени приватни товарни вагони. Тука спаѓаат, меѓу другото, речиси сите цистерни вагони и многу изотермички вагони. Така наречените установи за изнајмување вагони набавувале многу од овие вагони и ги изнајмувале на фирмите што ги користеле.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „What Are All of the Different Rail Car Types?“. Union Pacific Railroad. 18 јануари 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Товарен вагон“ на Ризницата ? |