Прејди на содржината

Тобија Лионели

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тобија Лионели (1647 г-17 октомври 1714) бил словенечко-италијански проповедник и писател во периодот на барокот. Неговите проповеди имале пресудна улога во афирмацијата на словенечкиот јазик. Тој бил познат и по неговото монашко име Јанез Светокришки.

Sacrum promptuarium, vol. 1

Лионели бил роден од мајка Словенка и татко Италијанец во градот Свети Криж во долината Випава, округот Гориција. Една неодамнешна теорија претпоставува дека тој всушност бил роден како Иван Хробат, вонбрачен син на Катарина Хробат и благородник од семејството Лантиери, и дека презимето Лионели било земено за да се избегне срамот.

Тој го добил името „Јанез Светокришки“ кога станал свештено лице. Служел во различни манастири во словенечките земји, вклучувајќи го и манастирот на капучинчите на Свети Францис Асишки во неговиот роден град, и во Хрватска. Лионели починал во Горица, каде што ги поминал последните години од својот живот.

Лионели напишал над 230 проповеди, кои ги објавил во серија од пет книги со наслов Sacrum promptuarium (Светиот прирачник). Една од неговите најпознати проповеди е Na noviga lejta dan (На Нова Година). Објавувањето на овие книги било финансирано од членови на благородништвото и добродетели од рамките на Црквата.

Sacrum promptuarium на Лионели бил објавен помеѓу 1691 и 1707 година. Првите два тома биле објавени во Венеција, а останатите три во Љубљана. Тие се напишани на словенечки, со силно влијание на соседниот внатрешен карњолски дијалект, со бројни германизми и латински цитати. Синтаксата претставувала типичен барок стил, со референци на класичната традиција.

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]