Тоа што жените го сакаат (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Тоа што жените го сакаат - американски филм, во режија на Ненси Маерс. Главните улоги ги играат: Мел Гибсон и Мариса Томеи.

Содржина[уреди | уреди извор]

Ник Маршал (го игра Гибон) е рекламен експерт од Чикаго, кој благодарение на парите и изгледот лесно ги заведува жените. Директорот на фирмата во која е тој вработен, местото на креативен директор (кое Ник го очекува за себе), го доделува на Дарси Магир (ја игра Томеи), која е многу способна деловна жена. Таа е експерт за женскиот дел од пазарот, а Ник се обидува да смисли реклама за специфични женски производи. Еднаш, нему му се случува несреќа, која му дава необична способност да го слушне она што го мислат жените. Како резултат на таа дарба, Ник за брзо време постигнува голем успех во својата фирма, но истовремено успева да ја привлече и Дарси.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Тоа што жените го сакаат“, Антена, број 886, 19.6.2015, стр. 25.