Тоа е моето момче (филм од 2012 година)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Тоа е моето момче“
215px
Фимски постер
РежисерШон Андерс
ПродуцентАдам Сендлер
Ален Коверт
Џек Џијарапуто
Хедер Пери
СценаристДејвид Каспе
НастапуваатАдам Сендлер
Енди Семберг
Лејтон Мистер
Сузан Сарандон
Сиара
Лунел
Ванила Ајс
МузикаРуперт Грегсон-Вилијамс
КинематографијаБрендон Трост
МонтажаТом Костејн
СтудиоHappy Madison Productions
Relativity Media
ДистрибутерColumbia Pictures
Премиерајуни 15 2012 (2012-06-15)
Времетраење114 минути
ДржаваСоединетите Американски Држави
Јазиканглиски
Буџет70 милиони долари
Бруто заработка57 719 093 долари

Тоа е моето момче е американски филм (комедија) од 2012 година, во режија на Шон Андерс, по сценариото на Дејвид Каспе. Главните улоги и играат: Адам Сендлер, Енди Семберг и Лејтон Мистер. Филмот е во продукција на компанијата „Happy Madison“ на Сендлер и се снимал во Масачусетс, во околината на Бостон, Еверет, Пибоди, Лин, Броктон, Стоутон и Кејп Код. Филмот за прв пат бил прикажан на 15 јуни 2012 година, а го дистрибуирала фирмата Columbia Pictures. Филмот добил претежно негативни критики од критичарите и доживеал финансиски неуспех, бидејќи не успеал да го врати својот буџет од 70 милиони долари.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во 1984 година, 14-годишниот Дони Бергер е во љубовна врска со неговата 22-годишна наставничка Мери МекГерикл. Тие се фатени на дело како имаат секс и Мери ја затвораат. Таа е бремена, а Дони го крсти детето Хан Соло Бергер. Дони станува славен поради сето тоа што се случи, но како што старее, го забораваат и тој ги губи контактите со својот син. Во 2012 година, Дони е 42-годишен мрзливец којшто си ги прокоцкал сите пари. Постојано пие пиво и оди во еден локален стриптиз-клуб кај неговите пријатели, барменката Бри и стриптизерката Шампел. Синот на Дони повеќе не зборува и не контактира со него. Тој е бесен поради тоа што Дони е неспособен да биде татко и им кажува на своите познаници дека неговите родители загинале во експлозија, кога тој имал девет години, а тој станал успешен бизнисмен. Тој ослабнал и повеќе не е дебелото дете коешто Дони го познава и ќе се жени со богата девојка по име Џејми. Хан пристигнал во куќата на неговиот шеф Стив Спероу на островот Кејп Код, местото каде што ќе се одржи венчавката. Тој не се сложува добро со братот на Џејми, морнарот Чад, со кој се среќава за прв пат, но Чад им се допаѓа на другите гости.

Дони дознава дека ѝ должи 43 000 долари на Американската владина агенција за плаќање на данок – „IRS“ (од анг. Internal Revenue Service) и ќе го казнат три години затвор доколку не ги врати парите до крајот на викендот. Тој се обложува на премногу дебелиот атлетичар Тоби Тјук дека ќе победи на претстојниот маратон, но сфаќа дека му треба друг план. Тој оди кај Рендал Морган, којшто продуцирал емисии за Дони, во краткиот период кога тој бил славен и Морган му нуди 50 000 долари доколку тој организира средба со Хан и госпоѓицата МекГерикл во затворот за жени. Дони пристига на островот Кејп Код и се обидува да го убеди Хан да учествува. Бидејќи Хан претходно им кажал на луѓето дека неговите родители починале, Дони го претставува како стар пријател. Дони се фали со своето херојско минато, па и покрај неговото екстремно грубо однесување, за кратко време им се допаѓа на другите гости, на сметка на угледот на Хан, до тој степен што кумот на Хан, неговиот колега Фил, му го предава кумството на Дони. Дони се обидува да го убеди Хан да дојде во затворот за жени да ја види госпоѓицата МекГерикл (не откривајќи му дека тоа е за телевизиската емисија на Морган), но Хан постојано се кара со Дони поради неговата незрелост сега и во неговото детство, па дури му кажува дека има дијабетес - тип 2, поради тоа што Дони му дозволувал да јаде сè што сакал кога бил дете. Подоцна, кога Дони слуша како Џејми му се дере на Хан, тој се обидува да се однесува татковски и го охрабрува да биде она што е. Тој го слуша неговиот совет и следниот ден на свадбената проба, се впушта во тепачка со Отецот МекНели. Тогаш, Дони мора да го спаси Хан и им кажува на неговите сватови дека тој се исплашил од црквата после експлозијата во којашто загинале неговите родители.

Дони им се придружува на пријателите на Хан на неговата ергенска вечер – релаксирачка посета во бања, без алкохол, којашто ја организирал Фил. Дони почнува да ги напаѓа сите во бањата (иако се претпоставува дека тој на крајот имал секс со вознемирената сопственичка, госпоѓицата Ревенсдејл), пред да ги убеди другите да одат во стриптиз-барот со него, каде што Хан се запознава со Бри, сите се опиле, се издрогирале и имале зарипнат глас. Дони ги испраќа сите гости дома, но Фил останува и добива фелацио од една повредена стриптизета со протеза на вратот. Потоа тој и Хан го среќаваат Ванила Ајс, којшто е поранешен пријател на Дони од времето кога бил славен. Еднаш Дони му се извинил на Ајс за тоа што спиел со неговата мајка (причината за долгото недоразбирање меѓу двајцата), тројцата пустошат цела вечер пред да се вратат во куќата на Стив, каде и Дони и Ајс имаат секс со мајка му на Стив, а пијаниот Хан има секс со кројачката кукла на која е ставена венчаницата на Џејми, а потоа повраќа врз неа. Во текот на ноќта, Дони и Хан се среќаваат. Хан му вели на Дони дека му дал подарок за тоа што ќе му биде кум и Хан се согласува да ја посети госпоѓицата МекГерикл во затворот, но бидејќи Дони знае дека средбата е телевизиска стапица му вели да не оди.

Следниот ден, Џејми го натерува Хан да го однесе фустанот на хемиско чистење и Хан одлучува сепак да ја посети мајка му. Дони брза да стигне до затворот за да ја спречи средбата, но стигнува предоцна. Рендал ги начекува во заседа Хан, Дони и госпоѓицата МекГерикл со екипа за снимање, а збеснатиот Хан си заминува. Тој одбива да ја потпише потврдата за прикажување на телевизија и го остава Дони без пари од овој потег. Дони се враќа во куќата на Стив за да си ги собере своите работи и случајно ја слушнува Џејми како зборува на телефон и од разговорот заклучува дека таа го изневерува Хан со Стив. Тој се обидува да му каже на Хан на пробната вечера, истата вечер, но Џејми кажува лаги за да ги прикрие своите траги. Дони е поразен и се враќа во стриптиз-клубот, каде неговиот пријател Кени го убедува да се врати и да побара од Џејми да му прости. Дони тргнува до хотелот каде што престојува Џејми и ја фаќа како има секс со Чад, нејзиниот сопствен брат, за којшто Дони дознава дека всушност е танчер, а се преправа дека е морнар. Џејми му ја дава сумата на пари што му треба на Дони во замена за неговото молчење.

Дони го отвора подарокот од Хан Соло каде што ја наоѓа кујнската ракавица, којашто Дони ја користел како кукла за куклен театар за да му го направи пријатно детството на Хан. Тој е трогнат од тоа колку Хан ја познава нивната поврзаност и сфаќа дека мора да ја спречи венчавката, и покрај неговата потреба од поткупот на Џејми. Тој и Ванила ја прекинуваат венчавката и Дони открива дека тој му е татко на Хан. Дони го кине чекот од Џејми и бара од неа да му ја шепне вистината на Хан, којашто новиот самоуверен Хан им ја кажува на сите присутни. Во претстојната тепачка, и Џејми и Чад се онесвестуваат, а Хан го прифаќа Дони. Следниот ден, во стриптиз-барот, Хан кажува дека се гледа со Бри. Тој му нуди на Дони пари за да му помогне да ги плати неплатените даноци, но тој одбива и му вели дека е време и тој да порасне и да ја прифати одговорноста. Дони се спрема да оди во затвор, со намера да си ја обнови својата врска со госпоѓицата МекГерикл во 2015 година, кога и двајцата ќе ги ослободат, кога одеднаш на телевизорот го гледаат Туби Тјук како успева да ги стигне останатите и да победи на маратонот и му донел на Дони 160 000 долари од поранешната опклада, повеќе од доволно за да не отиде во затвор.

Продукција[уреди | уреди извор]

Најпрвин, филмот бил именуван „Те мразам тато“ (од анг. „I Hate You, Dad“). Потоа го преименувале во „Момчето на Дони“ (од анг. „Donny’s Boy“) и на крај продуцентите решиле да се вика „Тоа е моето момче“ (од анг. „That’s My Boy“).

Промоција[уреди | уреди извор]

Рекламниот инсерт којшто е дозволен само за лица над 18 години беше објавен на 1 март 2012 година. А рекламниот инсерт којшто е дозволен за целата публика бил објавен подоцна на 5 март 2012 година. На 1 јуни 2012 година, целата актерска екипа гостуваше во телевизијата „MTV“ во студиото на „City Walk“ за да дискутираат за филмот и нивните понатамошни индивидуални проекти. Исто така, актерската екипа учествуваше и во телевизиското шоу „Q&A“ со публиката. Филмот се промовираше и на „МТV“-филмските награди, каде што Адам Сендлер, Енди Семберг и Лејтон Мистер ја доделија наградата за „Најдобар бакнеж“. На сметката на корисникот „The Lonely Island“ на Youtube, Семберг го постави пародискиот рекламен инсерт, на 1 јуни 2012 година.

Прифатеност[уреди | уреди извор]

Финансии[уреди | уреди извор]

Отварањето на филмот на 15 јуни 2012 година освои 4,6 милиони долари, а се очекуваше да заработи 13 милиони долари за целиот викенд кога дебитираше, па поради ова, тоа е најлошиот викенд за премиера на Сендлер, после оној на филмот „Владеј над мене“ (од анг. „Reign Over Me“) од којшто се заработи значително помал буџет. Целосната заработка од филмот за време на викендот кога премиерно се емитуваше е 13 453 714 долари и е рангиран на место број 4, под заработката од вториот викенд на филмовите „Мадагаскар 3: Најбараните во Европа“ (од анг. „Madagascar 3: Europe’s Most Wanted“) и „Прометеј“ (од анг. „Prometheus“) и викендот за премиера на „Рок за цела генерација“ (од анг. „Rock of Ages“). До 18 октомври, филмот имаше заработка од 36 931 089 долари од домашната и 56 717 974 долари од светската публика. Со ова филмот постигна огромен финансиски успех, но не успеа да го надомести својот буџет од 70 милиони долари.

Критики[уреди | уреди извор]

Филмот „Тоа е моето момче“ прими многу негативни критики. Rotten Tomatoes изјавува дека само 21% од 109 критики биле позитивни, со средна оценка 3,4/10. Според општото мислење за филмот може да се каже “ додека филмот претставува нов обид во жанрот на филмови за кои е потребен надзор од родител или старател, Сендлер го повторува своето понижување повлекувајќи го со себе и Енди Семберг “. „Megacritic“ го оценува со 30/100, посочувајќи само неповолни критики. Онлајн шоуто за критики „Half in the Bag“ вели дека филмот е „патетичен“ и продолжува да го критикува Сендлер како комичар спомнувајќи ја неговата неспособност да создаде филм којшто не се заснова врз детски шеги. Боб Фишбах од дневниот весник „Omaha World Herald“ гласаше за филмот со една од четири ѕвездички и вели дека овој филм е полош и од претходниот филм со лош квалитет на Сендлер, „Џек и Џил“. Ричард Ропер го оценува со оценка „F“ и вели дека тоа е „еден одвратен, невкусен, неподнослив, лош филм, а Алонсо Дјуралд остро го искритикува филмот и го нарече „вулгарен, прост, сексистички, женомразистички, второкласен, гаден, чувствителен и бесмислен, со повремени помпезности на расизам и затскриена хомофобија зафрлена на дното“. Филмот беше критикуван поради комичната интерпретација остварена преку секс со малолетно лице, педофилија и инцест.]