Тклапи
Изглед

Тклапи е традиционална грузиска храна[1][2] која се прави од овошно пире кое се премачкува на чаршаф во тенок слој и се суши на сонце или во рерна. Овој грузиски специјалитет може да биде кисел или сладок. Киселата верзија се прави најчесто од вишни или од сливи, а слатката верзија се прави од кајсии или праски. Може да се подготви и од сокот што се користи за правење Чурчхела.