Тихоокеански Театар (Втора светска војна)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карта на Тихоокеанскиот Театар

Тихоокеански Театар — воен театар на операциите на американските сили за време на Втората светска војна во Пацификот во периодот од 1941 до 1945 година. Од средината на 1942 година до крајот на војната во 1945 година, постоеле две американски оперативни команди во Пацификот. Областите биле поделени на Централен Пацифик, Севеен Пацифик и Јужен Пацифик, под команда на адмиралот Честер Нимиц. Југозападниот дел на Пацифичкиот регион бил командуван од генералот Даглас Макартур[1].

Поради комплексните улоги на Армијата на САД и на морнарицата на САД во водењето на војна во Пацифичкиот театар, немало ниту еден командант на сојузничките сили, споредено со генералот Двајт Д. Ајзенхауер во Европскиот Театар.

Главните борби се одбиле помеѓу силите на Јапонија и САД.

Наводи[уреди | уреди извор]