Тихомир Крцковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тихомир Крцковски
Роден 28 март 1948
Скопје , СФРЈ СФР Југославија
Починал 3 февруари 2012
Скопје,  Македонија
Занимање хирург и универзитетски професор

Тихомир Михајлов Крцкоски (Скопје, 28 март 1948 - Скопје, 3 февруари 2012) — македонски специјалист по општа хирургија и супспецијалистваскуларен хирург, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје од 1999 година[1]. Медицинскиот факултет и специјализацијата ги завршил во Скопје, а супспецијализацијата во Белград и Лион. Докторирал во 1990 година. Бил директор на Тораковаскуларната клиника од 2000 до 2002 година, а потоа и на ЈЗУ „Универзитетски клинички центар“ - Скопје (од 2002 до 2005). Починал ненадејно на 3 февруари 2012 година во Скопје.[2]

Библиографија[уреди | уреди извор]

Објавил над 90 научно-стручни трудови.

  • Реконструктивни зафати на феморопоплитеална регија, Скопје, 1991

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Народна и универзитетска библиотека "Климент Охридски". Македонска библиографија: Статии и прилози. 2. Скопје: Библиотека.
  2. „Почина истакнатиот хирург д-р Тихомир Крцковски“. Дневник. 3 февруари 2012, 17:13. Архивирано од изворникот на 2012-02-05. Посетено на 2012-02-04. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)