Тито и Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Јосип Броз Тито е контроверзна фигура во Македонија дури и 27 години по неговата смрт. Неговото наследство се уште не е оценето едноставно од македонските историчари и граѓани.

По завршување на Втората Светска војна, Тито им донел на Македонците национално осамостојување и комунистички режим. Позитивната страна на Титовото партизанско движење и на НОБ е во тоа што ја вброиле Македонија во членките на Антихитлеровската коалиција. По војната Вардарска Македонија веќе не била Јужна Србија или Вардарска бановина, туку сојузна република во рамките на Југославија со посебна култура, историја и јазик. (Види Социјалистичка Република Македонија)

Кај Македонците преовладуваат следниве два става:

  1. Без Тито Македонија ќе имаше повеќе од ова што сега го има.
  2. Без Тито Македонија немаше да го има ни ова што сега го има.

Противниците на Тито ги спомнуваат најжестоките репресии врз противниците на Југославија, врз приврзениците на идејата за независна Македонска држава, врз класниот непријател. Многу граѓани, и соработници и несоработници на фашистичкиот окупатор, биле убиени без судење. Според македонски извори биле убиени од 4500 до 20 000 луѓе и уште околу 120 илјади граѓани фрлени во затвор и логори (околу 10 проценти од вкупното население на Македонија).

Се споменува и менување на етничкиот состав во Македонија, појавување на етнички проблеми во Македонија и уништувачка ролја на комунистичката идеологија врз културата и уметноста. Водачите на вториот македонски Илинден во никаков случај не ја замислувале Југославија како унитарна заедница, туку како државна творба во која Македонија во голема мера ќе биде самостојна.

Според единствената официјална "Информација за преземените мерки на органите на власта спрема државјани на Р. Македонија за кои во периодот 1945-1993 година се располагало со основани сомненија дека дејствувале за формирање самостојна и обединета Македонија", изработена од МВР во 1993 година, во периодот 1945-1985 година вкупно во Македонија биле откриени 105 илегални групи и организации со над 1.200 припадници, чие дејствување било насочено кон "отцепување на Македонија од заедницата на југословенските народи и создавање самостојна и обединета Македонија". Од нив од слобода биле лишени 1.045 припадници на илегалните групи и организации, од кои 242 биле осудени на смрт или на временска казна до 15 години.

Во периодот од 1945 до 1980 година се одржале околу 700 политички процеси против членовите и припадниците на тајните организации и групи, на кои биле изречени стотици смртни пресуди и долгогодишни затворски казни.

За бројот на прогонуваните, затвораните и осудуваните лица со поинакви политички убедувања од постојниот комунистички режим доволно говорат 14.000 политички досиеја што ги водела Службата за државна безбедност при МВР и 22.000 затворски досиеја на затворените политички лица во затворот "Идризово", или вкупно 36.000 досиеја. Тоа се политички досиеја на лица (од разни возрасти и професии - револуционери, интелектуалци, лекари, студенти, обични и полуписмени селани, лица во поодмината возраст и ученици-гимназисти, деца на 16 години), затворани, осудувани, прогонувани и стрелани во периодот 1945-1985 година од новата македонска комунистичка власт само затоа што се бореле за самостојна, независна, демократска и граѓанска Република Македонија и за идеалите на ВМРО.

Според неофицијалните податоци, во периодот 1949-1951 биле затворени 7.330 средношколци, а само во затворот "Идризово" биле затворени 2.500 политички затвореници.

Подржувачите на Тито го споменуваат фактот дека во време на Тито Македонија за прв пат добила државност и културна самостојност, дури и само како сојузна југословенска република. Исто така економската положба во време на Тито била подобра од денес, југословенските државјани имале пасоши кои им доделувале право да патуваат низ целиот свет. Национализацијата на економијата и колективизацијата на селото не биле толку жестоки колку во останатите социјалистички земји и дозволувале некои форми на приватен бизнис.

Во времето на Титова Југославија, Велес го носеше името „Титов Велес“.

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]