Тиолишта

Координати: 40°34′N 21°18′E / 40.567° СГШ; 21.300° ИГД / 40.567; 21.300
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Тиолишча)
Тиолишта
Τοιχίο
Поглед на селото од Сетома
Поглед на селото од Сетома
Тиолишта is located in Грција
Тиолишта
Тиолишта
Местоположба во областа
Тиолишта во рамките на Костур (општина)
Тиолишта
Местоположба на Тиолишта во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°34′N 21°18′E / 40.567° СГШ; 21.300° ИГД / 40.567; 21.300
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаВич
Надм. вис.&10000000000000675000000675 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно758
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Тиолишта или Тихолишта (дијалектно Тиовлишча или Тиолишча; грчки: Τοιχίο, Тихио; до 1926 г. Τειχόλιστα или Τιχόλιστα, Тихолиста[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 13 километри североисточно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Пополе во јужните делови на Нередска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 675 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во текот на XV век, селото имало 95 глави на семејства. Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население било споменато дека селото има 42 глави на семејства и четири неженети: Гин, Димитри, Брајко, Јован, Добри, Тодорос, Манко, Димитри, Алексан, Папа Јано, Козма, Владе, Јорг, Никола, Јано, Коста, Јано, Димитри, Тодор, Тришо, Алекса, Стајо, Јано, Андронико, Којо, Стајко, Згуре, Дабижив, Којо, Стајко, Згуре, Дабижив, Никола, Михос, Коста, Ралко, Димо, Томо, Михо, Стамат, Никола, Никола, Којо, Тодор, Којо и Нено, и седум вдовици Ѓура, Кала, Ирина, Мара, Илина, Тодора и Ѓура. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 3.826 акчиња[3].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тиолишта се состоело од 58 семејства со 190 жители муслимани и 180 Македонци[4][5] Во периодот пред Илинденското востание, селото било под влијание на Бугарската егзархија[6].Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Тихолишта имало 1150 жители Македонци[4][7].

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тиолишта се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 99 куќи.[8]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 560 егзархисти и 232 патријаршиски македонски семејства[4][9]. Освен тоа, во селото функционирале бугарско и грчко училиште. Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто грчко со 500 жители. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 120 македонски семејства[10]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.[11] Во текот на Втората балканска војна, селото настрадало и било окупирано од страна на грчките војски[12].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 443 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 604 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Тихион.[13] Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 57 деца од селото биле протерани како деца бегалци[14]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 697 жители.[15], додека во 1940 година селото броело 844 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 801 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 675 жители, во 1971 година имало 572 жители, во 1981 година имало 624 жители, додека во 1991 година имало 710 жители[16]. Денеска, населението на селото е 758 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 844 801 675 572 624 710 758 685
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Тиолишта

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τειχόλιστα -- Τοιχίον
  3. Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 102
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
  6. Илюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 97.
  9. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 180-181
  10. Бистрицки. Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
  11. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 220.
  12. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 40.
  13. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  14. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vissinia“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-13.
  15. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  16. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-13.
  17. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 699.
  18. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 391.
  19. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 700.
  20. Шклифов, Благой. На кол вода пиехме. Записки за Христовите мъки на българите в Егейска Македония през XX век, София 2011, с. 341.
  21. „Милетич, Любомир. Борбата въ Костурско и Охридско (до 1904 г.). По спомени на Иван Попов, Смиле Войданов, Деян Димитров и Никола Митрев, Македонски научен институт, София,1926, стр. 28“. Архивирано од изворникот на 2013-12-12. Посетено на 2016-03-13. no-break space character во |title= во положба 59 (help)
  22. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 237.
  23. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 190.
  24. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 405.