Тиол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Општа формула на тиол со сино обоена сулфхидрилна група.

Во органската хемија, тиолите претставуваат органосулфурни соединенија кај кои јаглероден атом е поврзан со сулфхидрилна група. Тиолите се сулфурни аналози на алкохолите (сулфурот го има местото на кислородот кај алкохолите). –SH функционалната група се нарекува или тиолна група или сулфхидрилна група.

Тиолите често се нарекувани меркаптани. Терминот меркаптан потекнува од латинските зборови mercurium captans (фаќање на жива) бидејќи тиолатната група цврсто се врзува за живини соединенија.