Тимоти Спол

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Тимоти Спал)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тимоти Спол
ОБИ
Спол на Канскиот филмски фестивал во 2014 година
Роден(а)Тимоти Леонард Спол
27 февруари 1957 (1957-02-27) (62 г.)
Лондон, Англија
ЖивеалиштеЛондон, Англија
НационалностБританско
ЗанимањеГлумец
СопружникШејн Спол (в. 1981)
Деца3

Тимоти Леонард Спол, ОБИ (роден на 27 февруари 1957 г.) — англиски глумец. Тој станал познат во Обединетото Кралство по улогата во комичната серија Ауфвидерзен, Пет од 1983 година.

Спол добил критички пофалби за улогата во Тајни и лаги (1996), за која бил номиниран за наградата ВАФТА за најфобар глумец во главна улога. Подоцна, тој глумел во Последниот самурај (2003), го играл Питер Петигру во филмскиот серијал Хари Потер (2004-2010), Алберт Пирпоинт во Пирпоинт (2005), Бидл Бамфорд во Свини Тод - Монструозниот бербер од улицата Флит (2007), Питер Тејлор во Проклетиот Јунајтед (2009) и Винстон Черчил во Говорот на кралот (2010). Спол исто така глумел во телевизискиот документарен филм Тимоти Спол: ...на море (2010–2012).

Во 2014 година, Спол ја освоил наградата за најдобар глумец на Канскиот филмски фестивал за изведбата на ликот на Вилијам Тарнер во биографскиот филм Господин Тернер.[1]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Спол, трет од четири сина во семејството, е роден во Лондон. Неговата мајка, Силвија, била фризерка, а неговиот татко, Јозеф Л. Спол, бил поштенски работник.[2][3][4][5] Тој изучувал глума на националниот младински театар и на Кралската академија за драмски уметности, каде добил награда за најперспективен глумец во својата година.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Спол и неговата сопруга Шејн имаат три деца: Палскал (роден во 1976 г.), Рејф (роден во 1983 г.), кој исто така е глумец, и Мерседес (родена во 1985 г.). Тој живее во предградието Форест Хил,[6] во југоисточен Лондон.[7][8]

Во 1996 година, на Спол му била дијагностицирана акутна мијелоцитна леукемија, но оттогаш состојбата му е подобрена.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Awards 2014 : Competition“. Cannes. Архивирано од изворникот на 23 October 2013. конс. 25 May 2014.  Unknown parameter |df= ignored (помош)
  2. Deborah Ross. „Timothy Spall: Lucky Tim – Features – Films“, The Independent, 12 јануари 2008 (посет. 30 јануари 2012 г).
  3. Timothy Spall: Victim of his own success – Profiles – People – The Independent“, News.independent.co.uk, 30 март 2006 (посет. 30 јануари 2012 г).
  4. You'll know the face“, www.smh.com.au, 17 јануари 2004 (посет. 30 јануари 2012 г).
  5. „timedetectives.co.uk“ (PDF). конс. 13 February 2013. 
  6. Lynn Barber. „Timothy Spall: Cruise, characters and chemotherapy | Film | The Observer“, Film.guardian.co.uk, 30 септември 2002 (посет. 30 јануари 2012 г).
  7. Stuart Jeffries. „Stuart Jeffries talks to Timothy Spall | Film | The Guardian“, Film.guardian.co.uk, 5 ноември 2007 (посет. 30 јануари 2012 г).
  8. Timothy Spall goes down to the sea“, Telegraph, 24 април 2010 (посет. 30 јануари 2012 г).
  9. „/ Arts / Film & Television – Nothing to lose, everything to enjoy“. Ft.com. 8 April 2006. конс. 13 February 2013. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]