Тимотеј (војсководач)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Тимотеј (грчки: Τιμόθεος; умрел 354 п.н.е.) - прославен војсководач од Атина, син на војсководачот Конон и пријател на Исократ и Платон. Според Плутарх, во воените походи Тимотеј го пратела голема среќа, па затоа завидливците правеле шеги дека во сонот непријателските градови му паѓаат в раце како рибите во мрежата. На тие шеги, тој ведро одговорил: „Кога на сон освојувам толку градови, што ли ќе се случи кога ќе се разбудам!“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 139.