Прејди на содржината

Тикамси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тикамси на слика од 1848 година на Бенсон Лосинг врз основа на цртеж од 1808 година.

Тикамси (англиски: Tecumseh, Tecumthe, Tecumtha, околу 1768-1813), поглавар на индијанското племе Шони, водач на индијанската племенска конфедерација во истоимената војна против САД.

Биографија

[уреди | уреди извор]

По избувнувањето на војната на Понтијак (1763-1766), британската влада во 1763 година го забранила населувањето на американските колонисти западно од Апалачките планини. Сепак, после основањето на САД по Американската војна за независност (1776-1781) започнал бран на неограничено населување на западните територии населени со индијански племиња. [1] Со цел да се запре навлегувањето на белите доселеници Тикамси, поглаварот на племето Шони, работел околу 16 години за да ги обедини сите индијански племиња во областа Охајо, Индијана и Илиноис и да создаде единствена индијанска држава. По поразот на индијанските сили, кои на 7 ноември 1811 година ги нападнале и ги разбиле американските трупи на генералот Вилијам Харисон на реката Типекануа, Тикамси побегнал во Канада. Британците во 1812 година, го унапредиле со чин бригаден генерал и го поставиле на чело на индијанската армија во војната против САД (Англо-американска војна 1812-1815).

  1. Џозефи Млађи, Елвин М. (2003). Поглавице патриоти, Хроника отпора америчких индијанаца. Београд: Метафизика. стр. 97–125. ISBN 86-84091-08-6.