Тиери Анри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тиери Анри
Thierry Henry 2008.jpg
Лични податоци
Полно име Тиери Даниел Анри
Роден на 17 август 1977 (1977-08-17) (36 г.)[1]
Роден во Лес Улис, Есоне, Франција
Клупски податоци
Сегашен клуб Њујорк Ред Булс
Младинска кариера
1983–1989 ФК Лес Улис
1989–1990 ФК Палаису
1990–1992 ФК Вири-Чатилон
1992 ФК Кларефонтане
1992–1994 ФК Монако
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1994–1999 ФК Монако 105 (20)
1999 ФК Јувентус 16 (3)
1999–2007 ФК Арсенал 254 (174)
2007–2010 ФК Барселонс 80 (35)
2010– ФК Њујорк Ред Булс 51 (26)
Репрезентација
1997 Франција U20 4 (0)
1997–2010 Франција 123 (51)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 11
08, 1 јануари 2011 (UTC).

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 11:13, 13 септември 2010 (UTC)


Тиери Даниел Анри (роден 17 август 1977 во Париз, Франција) е француски фудбалер кој игра за Њујорк Ред Булс во северноамериканската лига.

Анри е роден во Лес Улис, Есоне (предградие на Париз) каде што играше во редовите на локалната репрезентација како момче со извонредна перспектива на стрелец. Тој беше забележан од страна на АС Монако во 1990 година и веднаш потпиша договор со што дебитира на професионален план во 1994. Добриот квалитет доведе до интернационален повик во репрезентацијата во 1998 година по што тој потпиша за серија А застанувајќи во одбрана на шампионот Јувентус. Доживеа разочарувачка сезона играјќи крилна позиција, пред да премине во Арсенал за 10.5 милиони фунти во 1999 година. Арсенал е тимот кој што го класираше името на Анри во рамките на светски познатите фудбалери. Покрај почетните напори во Премиер лигата, тој се појави како најдобар стрелец на Арсенал на речиси сите сезони за време на неговиот настап таму. Под водство на неговиот долгогодишен ментор и тренер Арсен Венгер, Анри стана продуктивен напаѓач и најдобриот стрелец на Арсенал на сите времиња со постигнати 226 гола во сите натпреварувања. Французинот освои две титули во лигата и три ФА купови со Топчиите. Тој беше номиниран за најдобар светски играч на годината од страна на ФИФА двапати и прогласен е за ПФА играч на годината исто така двапати и од страна на фудбалската асоцијација на новинарите за играч на годината три пати. Последните две сезони во клубот на Арсенал, Анри ги помина како капитен на клубот, водејќи ги до финалето на лигата на шампиони во јуни 2007. После 8 години поминати во дресот на Арсенал, тој преминува во Барселона за хонорар од 24 милиони евра. Неговите први признанија со Kаталонскиот клуб се случија во 2009 година кога тие ја освоија лигата, купот и трипати лигата на шампиони. Тој продолжи да постигнува успеси освојувајќи шест титули, освојувајќи го шпанскиот суперкуп, УЕФА купот и светскиот куп. Севкупно, Анри беше избран во УЕФА тимот на година 5 пати. Во 2010 година тој се приклучи кон Њујорк Ред Булс. Анри доживеа сличен успех со француската репрезентација освојувајќи го 1998 World Cup, Euro 2000 и 2003 FIFA Confederations Cup. Во Октомври 2007 тој го надмина рекордот на Мишел Платине и стана најдобриот француски стрелец на сите времиња. Анри се повлече од интернационалниот фудбал по светското првенство 2010. Надвор од теренот Анри е активен портпарол против расизмот во фудбалот, делумно поради неговото лично искуство. Тој се ожени со англискиот модел Никол Мери во 2003 и добија ќерка и во 2007 се разведоа. Тој исто така беше и еден од најврвните врвните фудбалери застапени во светот на рекламите. Анри беше рангиран деветти во светот во 2006.


Рани години[уреди]

Анри потекнува од Антилеан. Неговиот татко Антоан е од Гвадалупе (островот Ла Десираде), неговата мајка Марис е од Мартиник. Тој е роден и одгледан во Лес Улис, предградие на Париз кое и покрај тоа што се смета за опасен кварт овозможи добри фудбалски капацитети. Како седумгодишно момче Анри покажа голем потенцијал, предизвикувајќи го Клод Шезел да го приклучи локалниот клуб Лес Улис. Неговиот татко му вршел притисок да тренира фудбал иако тој не бил заинтересиран за фудбал. Тој се приклучил кон US Palaiseau во 1989, но по една година неговиот татко се скарал со клубот, по што Анри преминал во ES Viry-Chatillon каде што играл две години. Тренерот на US Palaiseau, неговиот иден ментор Жан Мари Панза, се приклучил на истиот клуб следејќи го Анри.

Клубска кариера[уреди]

Монако (1992 – 1999) и Јувентус (1999)[уреди]

Во 1990 Монако го испрати извидувачот Арнолд Каталано да го гледа Анри за време на утакмица. Анри ги постигна сите шест гола, со што неговиот тим победи со 6-0. Каталано му понудил да се приклучи кон Монако без претходен тест натпревар. Каталано побарал од Анри да заврши курс во елитната “Claire Fontaine” академија и покрај колебањето на директорот да го прими Анри поради неговите слаби резултати му беше дозволено да го заврши курсот и се приклучил кон Монако на Арсен Венгер како млад играч. Потоа Анри потпишал формулари со Монако и професионално дебитираше во 1994. Венгер го стави Анри на левото крило затоа што веруваше дека неговиот чекор, природната контрола врз топката и умешноста би биле поефективни против бековите отколку против центрафорите. Во неговата прва сезона со Монако Анри постигна 3 гола во 18 настапи.

Венгер продолжил да ја бара совршената позиција за игра на Анри и насети дека тој би требало да биде распореден како напаѓач меѓутоа не беше сигурен. Под раководство на неговиот менаџер, Анри беше избран за француски млад фудбалер на годината 1996 и во сезоната 1996-1997 неговите цврсти изведби му овозможија на клубот да ја освои првата лига. За време на сезоната 1997-1998 тој имаше важна улога во водството на неговиот клуб до полуфиналето на лигата на шампиони, поставувајќи француски рекорд со постигнување на седум гола во натпреварот. До неговата трета сезона тој го доби неговиот прв натпревар за репрезентацијата и беше дел од победничкиот тим на Светскиот Куп 1998. Тој продолжи да импресионира за време на неговиот престој во Монако и во неговите пет сезони со францускиот клуб, младиот крилен напаѓач постигна 20 голови во лигата во 105 настапи.

Анри го напушти Монако во Јануари 1999 една година пред неговиот друагар и соиграч Давид Трезеге, и премина во италијанската А серија, клубот Јувентус, за 10.5 милиони фунти. Тој играше на крилна позиција меѓутоа не беше ефективен против серија А, одбранбена дисциплина во положба некарактеристича за него и постигна само три гола во 16 настапи.

Арсенал (1999 – 2007)[уреди]

Анри беше избран за капитен по заминувањето на неговиот соиграч Патрик Биеира во Јувентус во 2005

Несигурен во Италија, Анри се премести од Јувентус во Август 1999 во Арсенал за 10 милиони фунти, одново обединувајќи се со неговиот поранешен менаџер Арсен Венгер. Арсенал беше тимот кој го направи Анри светски познат фудбалер и покрај тоа што неговиот транфер не помина без контроверзија, Венгер беше убеден дека Анри е вреден за хонорарот. Доведен како замена за фанцускиот форвард Николас Анелка, Анри веднаш беше назначен како напаѓач од страна на Венгер, потег кој дава големи резултати во наредните години. Сепак се појавија сомнежи за неговата способност да се адаптира на брзата англиска игра, откако потфрли во постигнувањето голови во неговите први осум натпревари. По неколку тешки месеци во Англија, Анри призна дека треба одново да научи се за уметноста на напаѓањето. Овие сомнежи беа отстранети кога тој ја заврши неговата прва сезона во Арсенал со импресивен резултат од 26 гола. Асенал заврши како втор во лигата веднаш зад Манчестер Јунајтед и загуби во финалето на УЕФА купот од Турскиот тим Галатасарај. Во кампањата ЕУРО 2000 со нациоаналниот тим Анри беше подготвен да остави впечаток во сезоната 2000-2001. Покрај евидентираниот помал број на голови и асистирања отколку во првата сезона, втората сезона на Анри во арсенал се покажа како важен пробив и тој стана најврвниот стрелец во клубот. Вооружен со еден од најдобрите напаѓачи Арсенал му се приближи на вечниот ривал Манчестер Јунајтед во трката за освојување на титула во лигата. Анри остана разочаран и покрај фактот што му помогна на клубот да освои признанија, и често ја искажуваше неговата желба да го оформи клубот како центар на моќ.

Успехот конечно пристигна во текот на сезоната 2001-2002. Арсенал заврши седум бода над Ливерпул за да го освои првенството и ги порази Челзи со 2-0 во финалето на ФА Купот. Анри стана најдобриот стрелец во лигата и заби 40 гола во сите натпреварувања, со што го доведе Асенал до удвојување и неговото прво сребро со клубот.

Сезоната 2002-2003 се покажа како уште една продуктивна за Анри, постигнувајќи 32 гола во сите натпреварувања и допринесувајќи со 23 асистирања до извонреден резултат на еден напаѓач. Продолжувајќи понатаму Анри го доведе Арсенал до уште еден триумф во ФА Купот, иако Арсенал не успеа да се задржи на прволигашкиот трон. Преку сезоната се натпреваруваше со Руд Ван Нистелрој, играч на Манчестер Јунајтед, борејќи се за титула во Премиер лигата, но Манчестер Јунајтед го оддалечи Анри од титулата постигнувајќи гол. И покрај тоа Анри беше избран за играч на годината на ПФА и од страна на фудбалската асоцијација на новинари исто така за фудбалер на годината. Неговиот растечки статус како еден од најдобрите светски фудбалери беше потврден кога тој излезе како вице-шампион на доделувањето на наградите за светски играч на годината од ФИФА 2003.

Анри во игра против Чарлтон Атлетик во 2006

Со влезот во сезоната 2003-2004 Арсенал беше одлучен да се врати на тронот на Премиер лигата. Анри повторно имаше важна улога во извонредно успешната кампања, заедно со другите како него Денис Беркамп, Патрик Виеира и Роберт Пирез. Анри се погрижи Топчиите да станат прв тим и да останат непобедени во текот на целата сезона во домашната лига, тврдејќи дека освојувањето на титулата во Премиер лигата е процес. Освен што беше прогласен за играч на годината од ПФА и од фудбалската новинарска асоцијација, втора година по ред Анри уште еднаш излезе како вице-шампион на доделувањето на наградите на ФИФА 2004 за светски играч на годината. Со 39 постигнати гола во сите натпреварување французинот поведе со голови во лигата и ја освои наградата European Golden Boot. Исто како и во 2002 Анри не беше во можност да ја доведе својата репрезентација до признанија за време на Европското првенство 2004.

Намалениот успех дојде до израз кога Арсенал повторно не успеа да обезбеди враќање назад кон титулата во лигата, кога загуби од Челзи во сезоната 2004/2005, иако Арсенал го освои ФА Купот (финалето кое Анри го пропушти поради повреда). Анри ја одржа својата репутација како еден од европските најсилни напаѓачи во лигата со постигнати 31 гол во сите натпреварувања, тој беше ко-примач (со Диего Форлан), на наградата European Golden Boot и моментално тој е единствениот играч кој официјално ја освои наградата два пати по ред. Али Мек Коист исто така ја освои оваа награда два пати по ред, но и двете се сметаа за неофицијални. Неочекуваното заминување на сонародникот Виеира во средината на 2005 му овозможи на Анри да стане капитен на клубот, улога за која многумина сметаа дека не одговара за него, капитенството е посвојствено за играчите од одбрана или од среден ред, кои имаа подобра позиција на теренот за полесно да ја прочитаат играта.

По повлекувањето на Денис Беркамп, Анри редовно напаѓаше во придржба со Робин ван Перси.

Сезоната 2005-2006 се покажа како сезона на извонредни лични достигнувања за Анри. На 17 Октомври 2005 Анри стана најдобриот стрелец на сите времиња во клубот. Со двата гола против Спарта Прага во лигата на шампиони Анри го собори рекордот на Јан Рајт од 185 гола. На 1 Февруари 2006 тој постигна гол против Вест Хем доведувајќи го резултатот на голови во лигата до 151, соборувајќи го рекордот на голови на легендата на Арсенал Клиф Бастин. Анри го постигна својот 100ти гол во лигата на Хајбери, добар подвиг во историјата на клубот и извонредно постигнување во Премиер лигата. Анри ја заврши сезоната како најдобар стрелец во лигата и беше избран за фудбалер на годината од страна на фудбалска новинарска асоцијација.

Сепак, Арсенал не успеа да освои титула повторно, но надежите за трофеи беа обновени кога Арсенал стигна до финалето на Лигата на шампиони во 2006. Арсенал на крајот загуби со 2-1 од Барселона и неможноста на Арсенал за победа во Премиер лигата за две последователни сезони во комбинација со неискуството на нивниот тим предизвика многу шпекулации дека Анри ќе го смени клубот. Меѓутоа тој ја искажа својата љубов кон клубот и го прифати четиригодишниот договор, велејќи дека ќе остане во Арсенал до крајот на неговата кариера. Заменик претседателот на Арсенал Дејвид Дејн подоцна тврдеше дека клубот одбил две понуди од 50 милиони евра од шпански клубови за Анри пред потпишувањето на новиот договор. Доколку трансферот би бил материјализиран тоа би го надминало тогашниот светски рекорд од 47 милион евра платени за Зинедин Зидан.

Сезоната 2006-2007 беше сезона на повреди за Анри, иако тој постигна 10 гола во 17 натпревари на домашен терен за Арсенал, сезоната на Анри беше скратена во февруари кој пропушти игри поради повреда на тетивата, стапалото и проблеми со грбот. Се сметаше дека е во доволно добра кондиција за да дојде на крајот како замена против ПСВ во натпреварот во лигата на шамиони, но неговото брзо враќање на теренот резултираше со повреда на ногата. По извршените анализи следниот ден откри дека ќе треба најмалку три месеци да ја лекува слабината и стомачните повреди пропуштајќи го остатокот од сезоната 2006-2007. Венгер ги препиша повредите на Анри на долготрајната кампања 2005-2006 и повтори дека Анри е подготвен за да остане со Топчиите, за да ја обнови сезоната 2006-2007.

Барселона (2007-2010)[уреди]

Анри ги поздравува навивачите на Camp Nou.

На 25 Јуни 2007, во неочекуван тек на настаните беше префрлен во Барселона за 24 милиони евра. Тој потпиша четиригодишен договор за пријавени 6.8 милиони евра по сезона. Се покажало дека договорот вклучува клаузула од 125 милиони евра. Анри ги наведе заминувањето на Дејн и неизвесноста околу иднината на Венгер како причини за заминувањето од Арсенал и изјави “Јас секогаш велев дека ако некогаш го напуштам Арсенал тоа ќе биде за да играм за Барселона”. И покрај заминувањето на нивниот капитен Арсенал имаше импресивен почеток за кампањата 2007-2008 и призна дека неговото присуство во тимот би било повеќе пречка отколку помош. Тој изјави “Поради моето искуство и фактот дека бев капитен, моите соиграчи ми ја додаваа топката и кога не бев во добра позиција. Па во таа смисла беше добро за тимот што јас продолжив напред”. Анри го напушти Арсенал како најдобриот водечки стрелец на клубот во лигата со постигнати 174 гола и водечки гол-стрелец на сите времиња во Eвропа со постигнати 42 гола. Во Јули 2008 година обожавателите на Арсенал гласаа за него како најдобар играч на Арсенал на изборот на 50те најдобри играчи на Топчиите.

Анри во напад во шеснаесеттерецот на Манчестер Јунајтед против Рио Фердинанд во финале на лигата на шампиони УЕФА 2009.

Во Барселона Анри го доби бројот 14 истиот што тој го носеше во Арсенал. Тој го постигна својот прв гол за новиот клуб на 19 Септември 2007 година за 3-0 во групната фаза против Лион во Лигата на шампиони и го запиша својот прв хет-трик за Барса во мечот во лигата против Леванте 10 дена подоцна. Но Анри, со неговата позиција на крило во текот на целата сезона не успеа да го повтори упехот во постигнување на голови како во Арсенал. Тој изрази незадоволство од потегот на Барселона во почетната година ширејќи шпекулации за враќање во Премиер лигата. Во интервју со Гарт Крукс на ББС фудбал фокус Анри изјави дека му недостасува животот дома дури и англиското новинарство. Меѓутоа Анри ја заврши својата деби сезона како најдобар стрелец во клубот со 19 гола и 9 асистенции втор позади 10-те на Лионел Меси.

Анри продолжи да го надминува овој резултат во повеќе интегрираната 2008-2009 кампања, освојувајќи го првиот трофеј во неговата кариера со Барселона 13 Мај 2009 кога Барса го победи Атлетик Билбао во финалето Копа дел Реј. Барселона ја освои лигата и Лигата на шампиони веднаш потоа, завршувајќи тројно за Французинот кој во комбинација со Лионел Меси и Самуел Ето успеjаа да постигнат 100 голови меѓу нив таа сезона. Триото беше едно од најплодните во историјата на шпанската лига, постигнувајќи 72 гола и надминување на 66те гола на Ференц Пускас, Афредо Ди Стефано и Луис Де Сол во Реал Мадрид во сезоната 1960-1961. Подоцна во 2009 година Анри и помогна на Барселона да освои шестократна титула кој се состои од гореспоменатиот трократен, шпанскиот суперкуп, УЕФА и ФИФА.

Следната сезона појавата на Педро Родригез значеше дека Анри ќе започне само 15 натпревари во лигата. Пред да заврши сезоната на Ла лигата со уште една преостаната година од договорот на Анри со клубот, претседателот на клубот Жоан Ла Порта изјави на 5 Мај 2010 година дека Анри може да замине од клубот ако тоа го сака. Откако Анри се врати од светскиот куп, Барселона потврди дека тие се договориле за продажба на Анри на неименуван клуб, уште да се договорат за условите со новиот клуб со играчот.

Њујорк Ред Булс (2010 - денес)[уреди]

Анри со Ред Булс во 2010

Во Јули 2010 година Анри потпиша повеќегодишен договор со северноамериканската лига за Њујорк Ред Булс, како нивен втор назначен играч. Го направи своето деби во американската лига на 31 Јули со 2-2 нерешено против Хјустон, асистирајќи на двата гола на Хуан Пабло Ангел. Неговиот прв гол во МЛС го постигна на 28 Август со победа 2-0 на Сан Хозе. Анри беше казнет со 2.000 долари од страна МЛС откако беше прогласен за виновен за несовесна игра повредувајќи го Кевин Хартман при прославувањето на голот што го постигнал за време на мечот против ФК Далас на 16 Септември 2010.

Интернационална кариера[уреди]

Анри имаше успешна кариера во француската репрезентација. Неговата интернационална кариера започна во Јуни 2007, кога неговата одлична форма во Монако беше наградена со повик во репрезентацијата на франција каде што играше во светското првенство 1997 ФИФА заедно со идните соиграчи Вилијам Галас и Давид Трезеге. За четири месеци, францускиот главен тренер Аме Џекет го покани Анри во тимот на сениорите. Дваесет годишното момче го направи своето прво интернационално деби во тимот на сениорите на 11 октомври 1997 со победа 2-1 против Јужна Африка. Џекет беше многу импресиониран од Анри па затоа го ангажира да игра во Светскиот куп 1998. Иако Анри на интернационално ниво не беше познат по своите особини, тој го заврши турнирот како најдобриот француски стрелец со постигнати три гола. Во финалето тој беше распореден како замена, каде што Франција го победи Бразил со 3-0, но исклучувањето од игра на Марсел Десаил со доведе Анри на терен. Во 1998 тој беше наречен Витез на “Legion d’honneur”, француското највисоко одликување.

Анри беше член на тимот на европското првенство 2000, повторно постигнувајќи три гола на турнирот, вклучувајќи го израмнувачкиот гол против Португалија во полуфиналето и завршувајќи како најдобар стрлец во земјата. Франција подоцна победи во продолжението постигнувајќи поен со пенал од страна на Зинедин Зидан. Франција ја победи Италија во финалето на продолженијата, со што Анри го освои својот втор интернационален медал. За време на натпревавувањето Анри беше изгласан за играч на мечот во три натпревари, вклучувајќи го и финалето против Италија.


Светскиот куп ФИФА 2002 предвиде рано заминување за Анри и Франција, со што тие беа елиминирани од групната фаза откако не успејаа да постигнат ниту еден гол во сите три натпревари. Франција го загуби својот прв меч во групната игра и Анри доби црвен картон за предизвикување на опасно лизгање во нивниот следен меч против Уругвај. Во таа игра Франција играше нерешено 0-0, но Анри беше принуден да го пропушти финалето поради суспензија. Франција изгуби 2-0 од Данска.


Анри се врати во форма за неговата држава на купот на конфедерациите во 2003. Покрај тоа што играше без тимскиот лојален приврзаник Зидан и Патрик Виеира, Франција победи, по заслуга за извонредната игра на Анри, за која беше прогласен за играч на мечот од страна на ФИФА во три од петте меча на Франција. Во финалето тој го постигна златниот гол во продожението освојувајќи ја титулата за домашните со победа 1-0 против Камерун. Анри беше награден со “Golden Ball” за извонреден играч и со “Golden Shoe” за најдобар стрелец со постигнати четири гола, од страна на Адидас.


На европското првенство Анри играше во сите натпревари на Франција и постигна два гола. Франција ја победи Англија во групната фаза но изгуби од евентуалниот победник Грција 1-0 во четврт финалето. За време на Светскиот куп ФИФА 2006 Анри остана како еден од автоматските стартери во тимот. Тој играше како сам напаѓач, но и покрај индиферентниот старт на натпеварот тој стана еден од најврвните играчи на Светскиот Куп.. Тој постигна три гола, вклучувајќи го и победничкиот гол изведениот пенал на Зидан против шампионот што ја брани титулата – Бразил. Сепак, Франција подоцна изгуби од Италија на пенали (5-3) во финалето.Анри не беше дел од изведувањето на пеналите бидејќи беше заменет во пролжението поради грч во ногата. Анри беше еден од десетте номинирани за наградата “Golden Ball for player of the tournament”, награда која беше доделена на неговиот соиграч Зидан кој беше избран за најдобар стартер напаѓач од страна на “FIFPro World team”.

На 13 Октомври Анри го постигна својот 41ви гол против “Faroe Islands”.Четири дена подоцна на стадионот “Stade de la Beaujoire” тој постигна удвоен резултат против Литванија, поставувајќи нов рекорд како Француски најдобар стрелец. На 3 Јуни 2008, Анри по 100ти пат настапи за националниот тим во мечот против Колумбија со што стана осмиот Француски играч кој го достигна тој важен момент. Анри го пропушти отварањето на Францускатa “Еuro 2008” краткотрајна кампања, кога тие беа елиминирани во групната фаза откако беа групирани заедно со Италија, Холандија и Романија. Анри го постигна единствениот гол на Франција во натпреварот кој заврши 4-1 за Холандија. Францускиот тим се бореше за време на Светскиот Куп 2010 квалификациите и заврши втор во групата веднаш зад Србија.

Стил на игра[уреди]

Анри е првиот избор за слободни удари на Арсенал

Иако Анри играше главно како напаѓач за време на неговата младост, во Монако и Јувентус тој заземаше крилна позиција. Кога Анри се приклучи кон Арсенал во 1999, Венгер веднаш ја смени неговата позиција во напаѓач, често ставајќи го во пар со ветеранот Денис Беркамп. За време на сезоната 2004-05 Венгер ја смени формата на Арсенал во 4-5-1. Оваа промена го натера Анри повторно да се прилагоди кон тимот на Арсенал, и тој изигра многу натпревари како сам напаѓач. Анри остана најголемата закана од Арсенал, кој на многу настани постигна спектакуларни голови. Венгер еднаш за неговиот Француски играч рече  : Тиери Анри може да ја земе топката од среде парк и да постигне гол, којшто никој друг во светот не може да го постигне. Една од причините за извонредната игра за Анри е неговта способност за смирено постигнување на голови во позиција еден на еден. Сето ова комбинирано со неговиот извонреден чекор, значи дека тој може да продре преку одбраната за да постигне гол. Анри повремено знае да се измести на крилна позиција, со што придонесува со помош во асистенциите. Помеѓу 2002-03 и 2004-05 напаѓачот изведе скоро 50 асистирања севкупно и сето ова беше препишано на неговата несебична игра и креативност. Анри исто така ке направеше офсајд за да ја залаже одбраната да потрча кон голот и да ги намами во стапица иако тој никогаше не овозможи поинаков погодок од воздух. Со неговата разновидност и способност да игра на две позиции како напаѓач и крилна Французинот не е прототипичен закоравен напаѓач, но тој постојано се појавува како еден од Европските најпродуктивни напаѓачи. Анри секогаш беше прв избор на Арсенал за изведување на пенали и слободни удари, често постигајќи голови од тие позиции.

Награди и признанија[уреди]

Анри освои многу пофалби и награди во неговата фудбалска кариера. Тој беше избран за портпарол на доделувањето на наградите 2003 и 2004 ФИФА Светски Играч на Годината. Во тие две сезони тој исто така освои титула на ПФА играч на годината. Анри е единствениот играч кој ја освои “Football Writer Association Footballer of the year” три пати (2003,2004,2006) и Француски играч на годината на 4 настани. Анри беше избран во гласањето за “Premier League Overseas Team of the Decade in 10 Seasons Awards” во 2003, и во 2004 од страна на фудбалската легенда Пеле беше прогласен за еден од 125те најдобри фудбалери. Што се однесува до наградите за постигнати голови тој ја освои “European Golden Boot” во 2004 и 2005 (дејеќи ја со играчот на Виљареал, Диего Форлан во 2005) и е единственот играч кој ја задржа наградата. Анри исто така беше најдобриот постигнувач на голови во Премиер Лигата за четири евидентирани сезони (2002, 2004, 2005, 2006). Во 2006 тој стана првиот играч кој постигна повеке од 20 голови во лигата за пет последователни сезони ( од 2002 до 2006). Моментално Анри е трет на листата за најдобри стрелци во Премиер Лигата на сите времиња, веднаш зад Алан Ширер и Eнди Кол. Со неговите успешно реализирани цели Францускиот најдобар стрелец на сите времиња доби голема почит од многу тренери, фудбалери и експерти кои го сметаа како еден од најдобрите фудбалери на светот. Во Ноември 2007 тој беше рангиран како 33ти на “Association of Football Statisticians” за најдобрите фудбалери на сите времиња. Обожавателите на Арсенал го почестија нивниот поранешен играч во 2008, изјавувајки дека Анри е најдобриот играч на Арсенал. Анри излезе како најомилениот играч на Премиер Лигата на сите времиња за 32 000 луѓе анкетирани на “Barclays 2008 Global Fan Report”.

Монако[уреди]

лига 1; 1 1996-97 Француски Супер Куп: 1 1997

Арсенал[уреди]

ФА Премиер Лига: 2 2001-02, 2003-04; ФА Куп: 3 2002, 2003, 2005

Барселона[уреди]

Ла Лига: 2 2008-09, 2009-10; Копа Дел Реј:1 2008-2009; Супер Куп на Шпанија : 1 2009; УЕФА Лига на Шампиони : 1 2008-2009; УЕФА Супер Куп : 1 2009; ФИФА Светски Куп : 1 2009

Интернационални[уреди]

Индивидуални[уреди]

Ордери[уреди]

Статистички податоци за кариерата[уреди]

Клуб[уреди]

(Correct as of 17 September 2010)[2][3][4][5]
Клуб Сезона Лига Cup[6] Европа[7] Вкупно
Apps Гола Assists Apps Гола Assists Apps Гола Assists Apps Гола Assists
Монако 1994–95 8 3 1 0 0 0 0 0 0 8 3 1
1995–96 18 3 5 3 0 1 1 0 0 22 3 6
1996–97 36 9 8 3 0 1 9 1 4 48 10 13
1997–98 30 4 9 5 0 2 9 7 1 44 11 12
1998–99 13 1 3 1 0 0 5 0 2 19 1 5
Вкупно 105 20 26 12 0 4 24 8 7 141 28 37
Јувентус 1998–99 18 3 2 1 0 0 1 0 0 20 3 2
Вкупно 18 3 2 1 0 0 1 0 0 20 3 2
Арсенал 1999–00 31 17 9 5 1 0 11 8 2 47 26 11
2000–01 35 17 3 4 1 0 14 4 0 53 22 3
2001–02 33 24 5 5 1 2 11 7 0 49 32 7
2002–03 37 24 23 6 1 0 12 7 1 55 32 24
2003–04 37 30 9 4 4 2 10 5 3 51 39 14
2004–05 32 25 15 2 0 1 8 5 1 42 30 17
2005–06 32 27 7 2 1 0 11 5 2 45 33 9
2006–07 17 10 6 3 1 1 7 1 0 27 12 7
Вкупно 254 174 77 31 10 6 84 42 9 369 226 92
Барселона 2007–08 30 12 9 7 4 0 10 3 2 47 19 11
2008–09 29 19 8 1 1 0 12 6 4 42 26 12
2009–10 21 4 2 3 0 0 8 0 1 32 4 3
Вкупно 80 35 19 11 5 0 30 9 7 121 49 26
Ред Булс 2010 11 2 3 1 0 0 0 0 0 12 2 3
Вкупно 11 2 3 1 0 0 0 0 0 12 2 3
Вкупно во кариерата 468 234 127 56 15 10 139 59 23 663 308 160

Репрезентација[уреди]

(Correct as of 19 November 2009)[8]
National team Season Apps Goals Assists
Франција 1997–98 10 3 1
1998–99 1 0 0
1999–00 11 5 2
2000–01 8 2 1
2001–02 9 2 1
2002–03 13 10 7
2003–04 12 5 6
2004–05 7 2 1
2005–06 15 7 3
2006–07 6 3 3
2007–08 10 6 1
2008–09 9 3 1
2009–10 12 3 2
Total 123 51 29

Покрај фудбалот[уреди]

Личен и фамилијарен живот[уреди]

Анри се венча со Англискиот модел Никол Мери, со родено име Клер, на 5ти Јули 2007. Церемонијата беше одржана во “Highclere Castle”, и на 27 Мај, парот го прослави раѓањето на нивната прва ќерка Теа. Откако се роди неговата ќерка, Анри својот прв гол и го посвети нејзе, покажувајќи ја буквата “Т” со прстите откако постигна гол на мечот против "New Castle United". За време на неговиот престој во Арсенал тој исто така купи куќа во “Hampstead”, Северен Лондон. Сепак, набрзо по неговиот транфер во Барселона беше објавено дека Анри и неговата сопруга се разведуваат. Нивната разделба дојде до крај во Декември 2008 кога Анри со разводен договор и плати на Мери износ од 10 милиони фунти ,приближен на нејзините барања. Анри сега е во врска со Босанскиот модел Андреа Рајачич. Како обожавател на "National Basketball Association" (НБА) е често во друштво на Тони Паркер на уткамици кога не игра фудбал.Во интервју Анри изјави дека обожава кошарка , затоа што е многу слична на фудбалот.Редовно посетувајќи ги натпреварите на НБА тој во 2007 замина да го гледа својот другар Паркер и "San Antonio Spurs" на финалето на НБА 2007.Во 2007 тој замина за Филаделфија за да и овозможи на Француската телевизија директен пренос на финалето, но исто и за да го гледа Ален Ајверсон кој за него беше еден од најомилените играчи.

Социјални придонеси[уреди]

УНИЦЕФ[уреди]

Анри е член на Уницеф ФИФА тимот, каде што заедно со други професионални фудбалери се појави на многу телевизиски емисии гледани од стотици илјади фанови во светот за време на Светските Купови во 2002 и 2006 година. На овие емисии играчите го промовираа фудбалот како игра која мора да биде играна во името на децата.

Кампањата "Stand Up Speak Up"[уреди]

Затоа што Анри бил изложен на расизам во минатото, тој е активен претставник против расизам во фудбалот. Најзначајниот инцидент на расизам против Анри се случи за време на тренирачката сезона со Шпанската репрезентација во 2004 кога тимот на една шпанска телевизија го фати тренерот Луис Арагонес како го именува Анри со погрдните зборови “black shit”. Инцидентот предизвика врева во Британските медиуми, и имаше упатени повици за тој да биде отпуштен. Анри и Најк ја отпочнаа кампањата "Stand Up Speak Up" против расизмот во фудбалот како резултат на тој инцидент. Подоцна во 2007 "Time" го окарактеризира Анри на нивната листа како еден од 100те херои.

Други работи[уреди]

Заедно со 45 други фудбалери, Анри зеде учество во кампањата на ФИФА Live for Love United во 2002. Анри исто такаја подржува Cystic Fibrosis foundation и Cystic Fibrosis Trust.

Рекламирање[уреди]

Во 2006 Анри беше оценет како деветиот најмногу застапен фудбалер во маркетиншки кампањи, како и деветиот најбогат играч во Премиер Лигата со 21 милион фунти.

Рено[уреди]

Анри зеде учество во рекламната кампања на Рено клио во која тој го популаризираше треминот va-va voom кој има значење “живот” или “ страст”. Неговиот романтичен интерес за рекламите беше неговата тогашна девојка, подоцна негова сопруга (сега се раведени) Клер Мери. Va-va- voom терминот подоцна беше додаден во Concise Oxford English Dictionary.

Најк[уреди]

Во 2004 Анри потпиша договор со гигантот за спортска облека Најк. Анри ја покажува својата духовитост за фудбалот против фудбалски ѕвезди како што се Клод Макелеле, Едгар Давис, и Фреди Јунгберг на локации како што се спалната соба и трпезаријата. Идејата за рекламата беше делумно на Анри, кој вели дека околу него секогаш има фудбал па дури и дома. Анри исто така учествуваше во рекламата на Најк Secret Tournament заедно со 24 фудбалски ѕвезди вклучувајќи ги Јумберг и Франческо Тоти. Во тандем со Светскиот Куп 2006 Анри исто така се појави во кампањата на Најк Joga Bonito, Portuguese за “убава игра”.

Рибок[уреди]

Дововорот на Анри со Најк истече по завршувањето на Светскиот Куп 2006 и тогаш тој потпиша договор со Рибок за да се појави во нивната кампања “I Am What I Am”.Како дел од Reebok Entertainment’s “Framed” series, Анри беше ѕвездата на получасовната епизода која даде детален опис за правењето на реклама за Анри режирана од страна на шпанската актерка Паз Вега.

Жилет[уреди]

Во февруари 2007, Анри беше избран како еден од тројцата амбасадори на Champions Program на Жилет , која сака да ги претстави трите “ најпознати и респектирани успешни атлети кои се натпреваруваат” и исто така го прикажува Роџер Федерер и Тајгер Вудс во серија на телевизиски реклами. Заради распознавање Дере Џетер се појавува на местото на Анри во рекламите кои се емитуваат во Северна Америка. Како реакција на расправијата во ракометот помеѓу Франција и Ирска 2010 во квалификациите на Светскиот Куп, Жилет се соочи со бојкот и обвинувања, но подоцна дадоа изјава враќајки го Анри.

Пепси[уреди]

Анри беше дел од кампањата на Пепси “Dare for More” во 2005 заедно со неговите колеги Дејвид Бекам и Роналдињо. Во 2005 Анри се појави во Pepsi Universe Advertisment заедно со Јунберг,Бекам, Фабрегас, Стивен Жерард и Лионел Меси.

Белешки и референци[уреди]

  1. Thierry Henry, fcbarcelona.cat, accessed 24 August 2008
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име goal.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име data.
  4. Thierry Henry History, ESPN Soccernet, accessed 5 June 2009
  5. Barcelona FC's player statistic for Thierry Henry, fcbarcelona.com, accessed 5 June 2009
  6. Includes French Cup, French League Cup, Coppa Italia, FA Cup, League Cup, FA Community Shield and Supercopa de España
  7. Includes UEFA Champions League and European Supercup
  8. Thierry Henry, national-football-teams.com, accessed 3 August 2009

Надворешни линкови[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:


Спортски позиции
Претходник
Patrick Vieira
France national football team captain
2008–2010
Наследник
Патрис Евра
Претходник
Patrick Vieira
Arsenal F.C. Captain
2005–2007
Наследник
Вилијам Галас

Шаблон:Navboxes colour Шаблон:Navboxes colour