Тивок двобој (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Тивок двобој“ (јапонски: 静かなる決闘) – јапонски филм од 1949 година, во режија на Акира Куросава. Главните улоги ги играат: Тоширо Мифуне, Такаши Шимура, Мики Сањо и Кењиро Уемура.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Кјоџи Фуџисаки (го игра Мифуне) е млад воен лекар кој случајно се заразува со сифилис преку крвта на пациент за време на операцијата. По завршувањето на војната, тој се враќа дома и продолжува да работи во татковата болница, но ја крие тајната за својата болест. Уште повеќе, без никакво објаснување, тој ја раскинува врската со својата свршеница Мисао (ја игра Сањо), иако таа упорно го посетува во болницата и бара објаснување. За тоа време, тој се посветува на лечењето на сиромашните пациенти, а во болницата работи како медицинска сестра и една млада жена која останала бремена и се обидела да изврши самоубиство, но докторот ѝ го спасил животот. Во една прилика, медицинската сестра ја открива тајната на докторот и така за неа дознава и неговиот татко (го игра Шимура). По некое време, неговата свршеница е принудена да се омажи за друг човек, иако до последен миг го моли да ѝ ја возврати љубовта. Истовремено, и медицинската сестра му ја искажува својата љубов, но докторот ја одбива и неа. Еднаш, докторот случајно го среќава војникот од кого се заразил. Од него дознава дека е оженет и дека чека бебе. Тогаш, докторот го предупредува за можните несакани последици за плодот и го повикува да се лечи, но тој не сака да го послуша. По некое време, во болницата доаѓа неговата сопруга, која е во многу тешка сосотјба, така што докторот мора веднаш да ја оперира и да го отстрани мртвиот плод. Во болницата доаѓа нејзиниот пијан сопруг, кој го напаѓа докторот, а потоа се запрепастува откако го здогледува мртвото бебе.

Наводи[уреди | уреди извор]