Прејди на содржината

Тивко место

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лого на филмот

„Тивко место“ (англиски: A quite Place) – филм на режисерот Џон Красински (John Krasinski) од 2018 година, снимен по сценариото на Брајан Вудс (Bryan Woods) и Скот Бек (Scott Beck). Главните улоги ги играат: Емили Блант (Emily Blunt), Џон Красински (John Krasinski), Милисент Симондс (Millicent Simmonds) и Ноа Џуп (Noah Jupe). Филмот бил номиниран за неколку награди, како: „Оскар“ за најдобра монтажа на звукот, „Златен глобус“ за најдобра оригинална музика итн.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Татко (го игра Красински) и мајка (ја игра Блант) се обидуваат да преживеат и да ги одгледаат децата (ги играат Симондс и Џуп) во еден апокалиптичен свет населен со слепи чудовишта кои имаат извонредно добар слух со чија помош ги ловат луѓето...

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mjesto tišine, američki film (2018.) (пристапено на 26.3.2022)