Те Бо

Од Википедија — слободната енциклопедија

Те Бо е аеробична техника која стана популарна во деведесеттите. Развиена е од теквондистот Били Бленкс и е една од првите кардио-бокс програми која ужива комерцијален успех. Оваа програма ги користи техниките на боречките вештини на брзо темпо и е создадена да го промовира фитнесот. Името е спој од теквондо и боксување.

Историја[уреди | уреди извор]

Бленкс ја развил оваа рутина во 1976 година со комбинирање на елементите од неговата боречка вештина и боксување за да создаде еден комплетен тренинг режим. Во текот на 1990 година серија од снимки била масовно презентирана на јавноста . До 1999 се продадени 1.5 милиони копии на видеата преку нивното промовирање на телевизијата infomercial. Како резултат на тоа Те Бо стана феномен на поп културата во доцните деведесетти. Во салите за вежбање почнаа да се нудат програми засновани на кикбокс вежбите и биле слични на Те Бо. Откога Били Бленкс стана заштитен знак другите не смееја да го користат терминот Те Бо без да плаќаат дозвола за користење. Те Бо видеата и ДВД изданијата станаа едни од најпродаваните фитнес помагала и многу слични програми сè уште се нудат во салите за вежбите.

Те Бо вежбите се практикуваат ширум светот. Рутината вклучува удари од карате и не е наменета за никаква борба ниту самоодбрана. Не постојат техники во смисла на фрлања, боречки движења или други техники. Те Бо вклучува аеробични вежби за затегнување на сите мускули на телото изведени со кратка кореографија. Интензитетот на вежбање на тренингот е со намера да се зголеми срцевиот импулс, силата, мускулната издржливост и флексибилноста.

Придобивки[уреди | уреди извор]

Те Бо е создаден на различен начин од концептот на аеробик и кардио вежбите кој е фокусиран на душата, телото и умот па така и придобивките од овие вежби се физички и ментални. Тоа е карактеризирано како одличен кардиоваскуларен тренинг.

Поради специфичните движења Те Бо е делотворно за тонирање и обликување на мускулатурата на телото. Исто така ја подобрува рамнотежата, флексибилноста и координацијата и има кардиоваскуларни придобивки. Придобивките од добриот кардиоваскуларен тренинг се првите кои Бленкс ги забележува кога случајно го создава Те Бо -то во 1976 година а до ден денес е една од најпродаваните фитнес програми. Според Бленкс кардиоваскуларната полза е резултат на кратките танцови движења на веќе високоенергетскиот тренинг.

Теквондо-вештината во Те Бо вежбите носи самосвесност, самодоверба и истовремено го поврзува со некоја боречките вештини. Боречка вештина комбинирана со бокс удари и танцови моменти го поврзува умот и телото со учење на ментална острина, физичка сила, ментална координација и прецизност но и брзина.

Можеби најпривлечното во Те Бо тренингот е делотворноста во однос на согорувањето на калории.Еден час Те Бо тренинг согорува од 500 до 800 калории за разлика од другите видови аеробик вежби кои согоруваат од 300 до 400 калории за еден час вежбање. Со правилна диета ова може да стане многу делотворна програма за слабеење. Како аеробик и кардио тренинг овој вид на вежбање може да доведе до 2 пати побрзо слабеење ако се практикува редовно.

Оваа програма со ударите со нозе и боксирањето е исто добра за учење на техниките за самоодбрана. Били Бленкс иако се надева дека на вежбачите никогаш нема да им потребно да ги користат овие техники, тренингот сепак ќе ви ги даде потребните вештини и самодоверба да се соочите со потенцијалната неволја.

Те Бо ќе ви помогне да развиете позитивно чувство за самосвесност. Како секој вид на вежбање создава добро ментално здравје и е индикатор за олеснување на симптомите на депресија и анксиозност како што беше утврдено од истражувачот Даниел М. Ландерс на Универзитетот во Аризона.