Теџо од Чосон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Теџо од Чосон
朝鮮太祖
조선 태조
Портрет на кралот Теџо
Височествен почесен крал на Чосон
Tenure5 септеври 1398 – 24 мај 1408
Крал на Чосон
На престол17 јули 1392 – 5 септември 1398
ПретходникОсновоположник на династијата
Конѓанг како крал на Корјо
НаследникЏонѓонг
Роден(а)Ји Сонг-ги (이성계, 李成桂)
11 октомври 1335
Префектура Сангсонг, Царство Јуен
Починал(а)24 мај 1408(1408-05-24) (возр. 72)
Хансонг, Чосон
Почивалиште
Храмовно име
Теџо (태조, 太祖)
ДинастијаДинастија Ји
ВероисповедБудизам
Потпис

Теџо од Чосон (11 октомври 1335 - 24 мај 1408), роден Ји Сонг-ги (хангул이성계; ханча李成桂), подоцна наречен Ји Дан (хангул이단; ханча李旦), бил основач и прв владетел на династијата Чосон од Кореја. Тој бил еден од водачите при соборувањето на династијата Корјо, по што во 1392 година седнал на престолот. Абдицирал во 1398 година за време на кавгите меѓу неговите синови. Починал во 1408 година.

За време на неговото владеење не биле основани нови институции и немало масовни чистки. Во династијата која ја основал доминирале истите владејачки семејства и службеници кои му служеле на претходниот режим.[1] Тој ги возобновил односите со Јапонија и ги подобрил односите со Минг.[2][3][4]

Биографија[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Ји Сонг-ги е роден во 1335 година во североисточниот дел од Кореја, кој бил дел од Царството Јуен до 1356 година. Татко му бил Корејец кој ѝ служел на династијата Јуен предводена од Монголците,[5] но дошол на дворот на суверениот Гонгминван и понудил помош во борбата против Монголите за да ги вратат североисточните земји од Кореја. Благодарение на заслугите на неговиот татко, Ји Сонг-ги рано бил унапреден како воен достоинственик.

Воена кариера[уреди | уреди извор]

Ји Сонг-ги ја започна својата кариера како воен офицер во 1360 година во армијата на Корјо.[1] Во октомври 1361 година, тој го убил Парк Јуи, кој се побунил против владата. Истата година, кога Црвените турбани го нападнале и го зазеле Кеѓонг, тој со 3.000 војници помогнал во повторното заземање на главниот град . Во 1362 година, кога генералот Нагачу го нападнал Корјо, Ји Сонг-ги бил назначен за командант и го победил.[6]

Генералот Ји стекнал моќ и почит во доцните 1370-ти и раните 1380-ти откако ги протерал Монголците од полуостровот, а исто така и во низа битки со добро организираните јапонски пирати.[1] По подемот на династијата Минг кралскиот двор во Корјо се поделил на две фракции: група предводена од генералот Ји (кои го поддржувале Минг) и група предводена од генералот Чое (кои го поддржувале Јуен).

Во 1388 година, гласник од Минг дошол во Корјо и побарал Корјо да им врати значителен дел од својата северната територија. Ова го искористил генералот Чое и предложил инвазија на Полуостровот Љаодунг (Корјо сметал дека е наследник на античкото кралство Когурјо; и така Манџурија ја сметал за корејска територија).[се бара извор]

За водач на инвазијата бил избран Ји Сонг-ги; но на речниот остров Вихва на реката Амнок, тој донел значајна одлука која го променила текот на корејската историја. Свесен за поддршката што ја уживал кај високи владини функционери и кај корејскиот народ, тој решил да се побуни и да се врати во Кеѓонг за да ја собори власта.

Револуција[уреди | уреди извор]

Генералот Ји, својата војска од реката Амнок ја упатил директно во главниот град, ги победил војските лојални на кралот (на чело со генералот Чое) и во де факто државен удар насилно го соборил кралот Ју, но не седнал веднаш на престолот. На престолот го поставил осумгодишниот син на кралот Ју, кралот Чанг, а по неуспешниот обид за возобновување на поранешнате монархија, ги убил и двајцата. Ји Сонг-ги за крал го поставил Ванг Јо (постхумно познат како Конѓанг).

Владеење[уреди | уреди извор]

Во 1392 година (четвртата година од владеењето на кралот Конѓанг), Ји Сонг-ги го принудил кралот да абдицира, го протерал во Вонџу (каде што тој и неговото семејство биле тајно погубени) и се крунисал како нов монарх, со што го завршило 475 годишното владеење на Корјо.[7] Во 1393 година, го сменил името на својата династија во Чосон.[8]

Во првите години од владеењето ги подобрил односите со Минг.[3][9] По крунисувањето испратил намесници да го известат дворот во Нанџинг за династичката промена.[10] Намесници, исто така, биле пратени во Јапонија, кои побарале повторно воспоставување на пријателски односи.[2] Пратеници од Кралството Рјукју биле примени во 1392, 1394 и 1397 година, како и од Сијам во 1393 година.[10]

Во 1394 година, за нов главен град бил прогласен Хансонг (денешен Сеул).[11][12]

Откако официјално била прогласена новата династија, се поставило прашањето кој син ќе го наследи на престолот. Иако Ји Банг-вон, петтиот син на Теџо од неговата прва сопруга, најмногу му помогнал на неговиот татко да дојде на власт, тој многу ги презирал двајцата од клучни сојузници на Теџо на дворот, Џонг До-џон и Нам Еун.

Тие биле свесни за меѓусебното непријателство и постојано се чувствувале загрозени. Кога станало јасно дека Ји Банг-вон е најдостоен наследник на престолот, Џонг До-џон го искористил своето влијание и го убедил кралот дека најмудар избор ќе биде синот што најмногу го сака, а не синот кој се смета дека е најдобар за кралството.

Во 1392 година, осмиот син на кралот Теџо (вториот син на кралицата Синдеок), Ји Банг-сеок бил назначен за престолонаследник. По ненадејната смрт на кралицата во 1396 година и додека Теџо сè уште тагувал за својата втора сопруга, Џеонг До-џеон почнал да заговара убиство на Ји Банг-вон и неговите браќа за да ја зачува својата позиција на дворот.

Во 1398 година, откако слушнал за овој план, Ји Банг-вон се побунил и ја нападнал палатата, по што ги убил Џонг До-џон, неговите следбеници и двата сина на покојната кралица Синдеок. Овој инцидент е познат како „Првата кавга на принцовите“ (제1차 왕자의 난). Вознемирен од фактот што неговите синови се спремни да се убиваат за престолот и психолошки исцрпен од смртта на неговата втора сопруга, Теџо веднаш го крунисал својот втор син Ји Банг-гва (посмртно кралот Џонѓонг) за нов владетел.

Потоа, Теџо се повлекол во кралската вила Хамхун и до крајот на својот живот бил дистанциран од својот петти син. Наводно, Ји Банг-вон многупати испраќал емисари и секогаш поранешниот крал ги убивал за да ја изрази својата цврста одлука да не се сретне повторно со својот син. Сепак, неодамнешни студии покажале дека Таеџо всушност не убил ни еден од емисарите. Тие биле убиени за време на бунтовите, кои случајно избувнале во регионот Хамхун.[13]

Во 1400 година, кралот Џонѓонг го прогласил неговиот помлад брат Ји Банг-вон за наследник и доброволно абдицирал.

Кралот Теџо почина десет години по неговата абдикација, на 24 мај 1408 година, во палатата Чангдок. Бил погребан во Геонвонеунг (건원릉), во градот Гури, Јужна Кореја.[14]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Seth, Michael J. (2019). A Brief History of Korea: Isolation, War, Despotism and Revival: The Fascinating Story of a Resilient But Divided People (англиски). Tuttle Publishing. ISBN 9781462921119.
  2. 2,0 2,1 „Korea–Japan Relations → Early Modern Age → Foreign Relations in Early Joseon“. Архивирано од изворникот на 28 October 2009. Посетено на 8 November 2022.
  3. 3,0 3,1 Hussain, Tariq (2006). Diamond Dilemma: Shaping Korea for the 21st Century (англиски). Seoul Selection USA. стр. 45. ISBN 9781430306412.
  4. Hodge, Carl Cavanagh (2008). Encyclopedia of the Age of Imperialism, 1800–1914 (англиски). II. Greenwood Press. стр. 401. ISBN 9780313334047.
  5. Taejo Sillok vol. 5, 28 April 1394, entry 3
  6. „태조(太祖) – 한국민족문화대백과사전“ [Taejo – Encyclopedia of Korean Culture]. encykorea.aks.ac.kr (корејски). Посетено на 28 May 2022.
  7. „조선왕조실록 – 태조가 백관의 추대를 받아 수창궁에서 왕위에 오르다“ [Veritable Records of the Joseon dynasty – Taejo ascends to the throne at Suchang Palace]. sillok.history.go.kr (корејски). Посетено на 28 May 2022.
  8. „조선왕조실록 – 국호를 조선으로 정하는 예부의 자문“ [Veritable Records of the Joseon dynasty – Advice to change the name of the country to Joseon]. sillok.history.go.kr (корејски). Посетено на 28 May 2022.
  9. Hodge, Carl Cavanagh (2008). Encyclopedia of the Age of Imperialism, 1800–1914 (англиски). II. Greenwood Press. стр. 401. ISBN 9780313334047.
  10. 10,0 10,1 Fang, Zhaoying; Goodrich, Luther Carrington (1976). Dictionary of Ming Biography, 1368–1644 (англиски). II. Columbia University Press. стр. 1601. ISBN 9780231038331.
  11. „Seoul municipality website“. Архивирано од изворникот на 15 May 2011.
  12. „About Seoul → History → General Information → Center of Korean Culture“. Архивирано од изворникот на 3 December 2012.
  13. Kim, Cheol-hyun (February 24, 2016). „이성계는 '함흥차사'를 죽이지 않았다“ [Yi Seong-gye did not kill 'Hamheung Chasa']. asiae.co.kr (корејски). Посетено на June 6, 2019.
  14. „Royal Tombs of the Joseon Dynasty“. 29 July 2009. Архивирано од изворникот на 2012-07-10. Посетено на 11 January 2023.