Тешка пешадија

Тешка пешадија — поим што се однесува на пешадиски трупи што биле силно вооружени и опремени со тежок оклоп. Овој поим е спротивен на лесната пешадија, која исто така се состои од војници на нозе, но со релативно помало вооружување.
Поимот „тешка пешадија“ нема јасна примена во современите војски. Денес, се подразбира дека тешката пешадија користи огнено оружје со поголем калибар и поголема разорна моќ, вклучувајќи тешки оружја како што се минофрлачи, митралези, ракетни фрлачи, пламенофрлачи. Поимот механизирана пешадија (или мотострелечка војска) често се користи за пешадија што користи и оклопни возила.
Ако, во случајот на лесната пешадија, нејзината главна тактичка сила лежи во подвижноста, во случајот на тешката пешадија, целта е да се искористи силното вооружување во што е можно подиректни борби против непријателот.
Историја
[уреди | уреди извор]Стара Грција
[уреди | уреди извор]Во Стара Грција, хоплитот бил чест облик на тешка пешадија. Сите хоплити поседувале штит и копје, а можеби и шлем. Побогатите хоплити можеле да си дозволат бронзен оклоп за гради или линоторакс (оклоп од ленено платно), додека посиромашните носеле малку или воопшто немале оклоп. Оклопот и штитот на хоплитот биле направени да блокираат стрели и удари од копја и мечеви. Хоплитите дејствувале и како градска стража и како војска на бојното поле. Се сметале за моќна сила, бидејќи образувале фаланга — тесна групација на копјаници — што им помагало против полесната пешадија и коњаницата.
Ахеменидска Персија
[уреди | уреди извор]Херодот опишал елитна пешадиска единица од 10.000 војници, кои тој ги нарекол Бесмртните, во војската на Ахеменидското Царство. Тие биле силно вооружени, носејќи штитови од плетен материјал, кратки копја, тоболци (за стрели), мечеви или големи ками, како и лак и стрела. Под своите наметки носеле оклопи од лушпи, што значи дека не биле „тешко оклопени“ (дури ни според древните стандарди), но од друга страна, тоа им овозможувало да носат повеќе оружје. Полкот бил следен од караван со покриени кочии, камили и маски, кои пренесувале резерви одвоени од остатокот од војската.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Lendering, John (1997). „"Immortals" - Livius“. www.livius.org. Посетено на 2022-11-04.