Технокапитализам
Технокапитализам — поим под кој се подразбира современ економски и социјален систем кој се одликува со превласт на технолошки водениот капитал, каде што технолошките новини стануваат средишна компонента на економскиот раст и акумулацијата на богатството. Овој поим ја опфаќа интеракцијата помеѓу технологијата и капитализмот, нагласувајќи како напредокот во технологијата влијае на економските структури, пазарите на трудот и општествените односи. Значаен аспект на технокапитализмот е подемот на нематеријалната економија, која е обележана со зголемената важност на нефизичките средства како што се интелектуалната сопственост, вредност на брендот и дигиталните услуги. Оваа промена довела до нови облици на економска централизација, каде што неколку технолошки гиганти преовладуваат на пазарите поради нивната способност брзо да се зголемуваат и да користат синергии низ различни сектори.[1][2][3][4][5][6]
Корпоративна моќ и организација
[уреди | уреди извор]Луис Суарез-Вила, во неговата книга „Технокапитализам: Критична перспектива на технолошките иновации и корпоратизам“ од 2009 година, наведува дека тоа е нова верзија на капитализмот што создава нови облици на корпоративна организација направена да ги искористува нематеријалните нешта како што се креативноста и новото знаење.[7] Новите организации, кои тој ги нарекува експериментални организации, се длабоко втемелени во технолошкото истражување, наспроти материјално производството и услуги. Тие, исто така, во голема мера зависат од корпоративното присвојување на резултатите од истражувањето како интелектуална сопственост.
Овој пристап е дополнително развиен од Суарез-Вила во неговата книга од 2012 година Глобализација и технокапитализам: Политичката економија на корпоративна моќ и технолошка доминација, во која тој ја поврзува појавата на технокапитализмот со глобализацијата и со растечката моќ на технокапиталистичките корпорации.[8] Земајќи ги предвид новите односи на моќ воведени од корпорациите кои го контролираат технокапитализмот, тој разгледува нови облици на акумулација кои вклучуваат нематеријални нешта - како што се креативноста и новото знаење - заедно со интелектуалната сопственост и технолошката инфраструктура. Оваа перспектива за глобализацијата - и ефектот на технокапитализмот и неговите корпорации - исто така ја зема предвид растечката глобална важност на нематеријалните добра, нееднаквостите создадени меѓу нациите пред технокапитализмот и оние кои не се, зголемената важност на протокот на одлив на мозоци меѓу нациите и порастот на она што тој го нарекува како техно-воен-корпоративен комплекс што брзо го заменува стариот воено-индустриски комплекс од втората половина на 20 век.
Концептот зад технокапитализмот е дел од линијата на размислување што ги поврзува науката и технологијата со еволуцијата на капитализмот. Сржта на оваа идеја за еволуцијата на капитализмот е дека науката и технологијата не се разделени од општеството - или дека постојат во вакуум, или во посебна сопствена стварност - надвор од дофатот на општественото дејствување и човечката одлука. Науката и технологијата се дел од општеството и тие се предмет на приоритетите на капитализмот исто како и секој друг човечки потфат, ако не и повеќе. Истакнати научници на почетокот на 20 век, како Џон Бернал, тврделе дека науката има општествена функција и не може да се гледа како нешто одвоено од општеството. Други научници во тоа време, како Џон Халдејн, ја поврзале науката со општествената филозофија и покажале како критичките пристапи кон социјалната анализа се многу релевантни за науката и за нашето разбирање за потребата од наука. Во нашево време, оваа линија на размислување ги охрабри филозофите како Ендрју Феенберг да усвојат и применат критички теориски пристап кон технологијата и науката, обезбедувајќи многу важни сознанија за тоа како научните и технолошките одлуки - и нивните резултати - се обликуваат од општеството и од капитализмот и неговите институции.
Поимот технокапитализам е користен од еден автор за да означи аспекти и идеи кои остро се разликуваат од оние објаснети погоре. Динеш Д'Соуза, пишувајќи за Силиконската Долина во една статија, го употреби поимот за да ја опише корпоративната средина и односите со ризичен капитал во месната економија насочена кон висока технологија. Неговиот пристап кон темата бил усогласен со оној на деловните списанија и литературата за корпоративен менаџмент. Некои написи во весниците, исто така, го користеле поимот повремено и во многу општа смисла, за да ја означат важноста на напредните технологии во економијата.
Облици на технокапитализам
[уреди | уреди извор]Технокапитализмот може да има многу облици како што се финансирање заснована на интелектуална сопственост каде патентите и регистрираната интелектуална сопственост на нова технологија е инструмент за градење капитализам,[9] капитал заснован на долгови каде што новата и иновативна технологија се користи како безбедносен интерес за обезбедување финансирање или лизинг, и Initial Coin Offering (првична емисија на жетони) како што е блокверижниот капитал.[10]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Корпоративен капитализам
- Корпоратократија
- Киберпанк
- Иновација
- Информациско општество
- Интелектуална сопственост
- Олигопол
- Политичка економија
- Истражување и развој
- Надзорен капитализам
- Технолошка еволуција
- Технолошка единственост
- Технолошка невработеност
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Suarez-Villa, Luis (2001). „The Rise of Technocapitalism“. Science & Technology Studies. 14 (2): 4–20. doi:10.23987/sts.55133.
- ↑ Suarez-Villa, Luis (2003). „The E-economy and the Rise of Technocapitalism: Networks, Firms, and Transportation“. Growth and Change. 34 (4): 390–414. doi:10.1046/j.0017-4815.2003.00227.x.
- ↑ Stubbs, Alec (2020). „Technocapitalism, the Intangible Economy, and Economic Centralization“. Perspectives on Global Development and Technology. 19 (1–2): 32–44. doi:10.1163/15691497-12341538.
- ↑ Haskel, Jonathan (2018). Capitalism without Capital: The rise of the Intangible Economy. Princeton: Princeton University Press. ISBN 9780691175034.
- ↑ Suarez-Villa, Luis (2012). Technocapitalism: A Critical Perspective on Technological Innovation and Corporatism. Philadelphia: Temple University Press. ISBN 9781439900437.
- ↑ Suarez-Villa, Luis (2016). Globalization and technocapitalism: The Political Economy of Corporate Power and Technological Domination. London: Routledge. ISBN 9781315585123.
- ↑ Suarez-Villa, Luis (2012). Technocapitalism: A Critical Perspective on Technological Innovation and Corporatism. Philadelphia: Temple University Press. ISBN 9781439900437.
- ↑ Suarez-Villa, Luis (2016). Globalization and technocapitalism: The political economy of Corporate Power and Technological Domination. London: Routledge. ISBN 9781315585123.
- ↑ Business Bank, British. „Using Intellectual Property to secure finance“ (PDF). UK Govt Publishing Services. British Business Bank. Посетено на 18 February 2019.
- ↑ Popper, Nathaniel (27 October 2017). „An explanation of ICOs“ (NY Times Online). NY Times. New York Times. Посетено на 18 February 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Технокапитализам на Ризницата ?
- technocapitalism.com