Прејди на содржината

Тетовски чинар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тетовски чинар
МестоТетово
Координати42°0′10.63″N 20°57′9.77″E / 42.0029528°N 20.9527139°E / 42.0029528; 20.9527139
Ознакаспоменик на природата
Прогласено ()
Карта

Тетовски чинар — најголемото и најстаро дрво во Тетово, прогласено за природна реткост.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Чинарот се наоѓа веднаш над „Арабати баба теќе“ на патот од десната страна на муслиманските гробишта во Тетово. Околината на ова дрво е заградена со метална ограда и претставува дел од подигнат споменик од 2001 година. Местоположбата каде што се наоѓа платанот е со високо ниво на подземни води (во непосредна близина на платанот се наоѓа стар бунар длабок 5 м) како и куќи.[2]

Горниот дел од крошната има полутопчест облик, а долниот (до 15 м висина) густо валчест облик. Овој облик е заради човековото влијание, дрвото често било кастрено до самото дебло до висина од 15 м. На оваа висина, крошната се разгранува на три големи и дебели гранки во различни правци. Самото дрво е високо 27 м, стеблото е високо 2 м, а висината на крошната е 25 м. Обемот на крошната е 61 м, а ширината мерена кон: север 9,5 м, исток 10,0 м, југ 6,2 м, запад 91,1 м.[2]

Во основа кореновиот врат на стеблото има обем од 8,5 м, пречник 2,7 м, а обемот на градна височина е 6,3 м, пречник 2 м.

Кората по деблото е релативно мазна, доста излупена на ситни неправилни многуаголни плочки со темносива до темнокафена боја. По целото дебло и крошна, северната страна и засенчените гранки се препокриени со многу мов. По гранките кората е тенка и испукана и се лупи, маскирно ишарана со сивопепелава до сивожолтеникава боја.[2]

Проценка на староста

[уреди | уреди извор]

Официјални податоци за староста на овој чинар не постојат.

За утврдување на староста (возраста) на чинарот, при изработката на „Елаборатот за ревалоризација на Платаново стебло (Platanus orientalis L.) над „ Арабати баба теќе“, Тетово, во 2021 година, се користела методата на вадење извртоци од стеблото со Преслеров сврдел и броење на годовите, па староста е проценета на приближно 447 години.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Р Е Ш Е Н И Е ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ПЛАТАНОВО СТЕБЛО – ПЛАТАН НАД ЛОКАЛИТЕТОТ „АРАБАТИ БАБА ТЕЌЕ, ОПШТИНА ТЕТОВО" ЗА ПРИРОДНА РЕТКОСТ“ (PDF). Службен весник на Македонија. 5 мај 2023. Посетено на 27 март 2026.
  2. 1 2 3 4 „Елаборат за ревалоризација на Платаново стебло (Platanus orientalis L.) над „ Арабати баба теќе", Тетово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. 2021. Посетено на 9 февруари 2026.