Терористички напад во Крајстчерч (2019)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Терористички напад во Крајстчерч
Ел Нур Џамијата е првата мета на нападот, каде загинуваат 42 од вкупно 50 лица, фотографија од 2006 г.
МестоКрајстчерч, Нов Зеланд
Датум15 март 2019
13:40 ч. (NZST; UTC+13)
Вид на нападмасовно убиство, тероризам
Мртви50

На 15 март 2019 година, на пладне, во градот Крајстчерч, Нов Зеланд, за време на петочната молитва, се случил масовен терористички вооружен напад во кој мета биле локалните муслимани. Првичната локација на нападот била Ел Нур Џамијата, а напаѓачот истиот го продолжил во Исламскиот центар на Линвуд до кој со возење се стигнува за околу 15 минути. Во нападот биле убиени 50 луѓе, а уште толку биле повредени.[1][2] За одговорен за нападот се смета 28-годишниот Австралиец Брентон Тарант, кој е уапсен веднаш по нападот и е обвинет за убиство.[3] Напаѓачот ја искористил социјалната мрежа Фејсбук за во живо да го емитува вооружениот напад, а исто така напишал и манифест на 73 страници насловен „Големата замена“, во кој се опира на имиграцијата, искажувајќи ги своите политички гледања.[4] Овој напад се смета за најсмртоносен во современата историја на Нов Зеланд.[5][6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Police with the latest information on the mosque shootings". Radio New Zealand. 17 март 2019. 
  2. "Christchurch shooting death toll rises to 50 after one more victim discovered at mosque". ABC News. 17 март 2019. 
  3. "Christchurch mosque terror: Accused killer smirked in court". Otago Daily Times. 16 март 2019. 
  4. "Christchurch shootings: Social media races to stop attack footage". BBC News. 16 март 2019. 
  5. "Dozens killed in Christchurch mosque attack". CNN World. 15 март 2019. 
  6. "New Zealand mosque shooter is a white nationalist who hates immigrants, documents and video reveal". Chicago Tribune. 15 март 2019.