Терористички напад во Касписк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
2002 Kaspiysk bombing
МестоКасписк, Дагестан
Датум9 мај 2002
ЦелПарада на победата
Вид на нападмина
Мртви44
Повредени133[1]
СторителиРапани Калилов

Бомбашкиот напад во Касписк претставува терористички напад кои се случил во градот Касписк, Дагестан[1] на 9 мај 2002 година, при што загинале 44 лица, а 133 биле повредени. Од 44 починати жртви, најмалку 19 биле војници и 12 деца[1][2]. Експлозијата се случила на денот на одржувањето на парадата по повод советската победа над фашизмот.

На 16 мај полицијата објавила дека друг терористички напад бил спречен. Три терористи биле уапсени. За време на апсењето, осомничените презентирани документи од Министерството за внатрешни работи на Дагестан и рекле дека полицијата нема право да ги уапси. Понатамошните истражувања биле блокирани од страна на руската државна служба за безбедност ФСБ, и директорот на службата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Yuri Felshtinsky, Vladimir Pribylovsky, The Corporation. Russia and the KGB in the Age of President Putin, ISBN 1-59403-246-7, Encounter Books; February 25, 2009, pages 136-138.
  2. Deadly blast hits Russian parade“, BBC News, 9 мај 2002.