Терористички напади во Норвешка (2011)
Терористички напади во Норвешка (2011) | |
---|---|
Поглед на центарот на Осло веднаш по експлозијата | |
Местоположба на настаните | |
Место | Осло и Утоја, Норвешка |
Координати | 59°54′54″N 10°44′48″E / 59.9149776° СГШ; 10.746544° ИГД |
Датум | 22 јули 2011 15:26[1] (CEST) |
Вид напад | Bomb and shooting |
Употребено оружје | ИЕН (АННГ) карабина Ruger Mini пиштол Glock 17 |
Мртви | 8 (Осло)[2] 68 (Утоја)[2] Вкупно: 76 |
Сторители | Андерс Беринг Брејвик |
Норвешките напади од 2011 година претставуваат терористички напади[3] кои биле насочени кон владата на земјата, политичкиот летен камп и цивилното население во Норвешка. Нападот бил извршен на 22 јули 2011 година и се состоел од две фази. Во првиот напад, експлозија од бомба одекнала во на владината населба во Осло, во 15:26 часот, односно пред канцеларијата на премиерот Јенс Столтенберг[4]. Пред владиниот комплекс згради, загинале најмалку седум лица, а над 15 лица биле повредени. Вториот напад се случил два часа подоцна на младинскиот камп кој бил организиран од страна на Лабуристичката партија на Норвешка на островот Утоја, во близина на Осло. Според податоците, најмалку еден вооружен напаѓач кој бил преправен како полицаец, отворил оган и досега има загинато најмалку 85 луѓе[5][6][7].
Полицијата го уапсил Андерс Беринг Брејвик, 32-годишен Норвежанец, за пукањето во Утоја[8], а потоа го обвинил и за нападот пред владата[9]. Според некои медиуми, осомничениот 32-годишен маж пред неколку месеци купил 6 тони вештачко ѓубриво, од кое наводно го направил експлозивот[10].
Европската унија, НАТО и неколку земји од целиот свет ја изразиле својата поддршка за Норвешка и ги осудиле нападите.
Ова е најкрвавиот терористички напад во Западна Европа, по оној во Мадрид од 2004 година, кога загинале 191 луѓе.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „At least 92 killed in shootings and bomb blast in Norway“. NO: VG. 22 јули 2011. Посетено на 23 јули 2011.
- ↑ 2,0 2,1 „Police scale down: 68 killed in Utøya“. VG Nett. 25 јули 2011. Посетено на 25 јули 2011.
- ↑ Brustad, Line (23 July 2011). „Siktes for to terrorhandlinger“. NO: Dagbladet. Посетено на 23 July 2011.
- ↑ Beaumont, Peter (22 July 2011). „Norway attacks suggest political motive“. The Guardian. UK. Посетено на 22 July 2011.
- ↑ Duxbury, Charles; Hovland, Kjetil (23 July 2011). „Savage Terror Attacks“. The Wall Street Journal. Посетено на 23 July 2011.
...at Least 87 Dead
- ↑ Birnbaum, Michael; Goodman, J David (22 July 2011). „At Least 80 Are Dead in Norway Shooting“. The New York Times. Посетено на 23 July 2011. Укажано повеќе од еден
|last1=
и|last=
(help); Укажано повеќе од еден|first1=
и|first=
(help) - ↑ „Norway attacks: At least 87 dead in shootings at youth conference, Oslo explosion“. The Washington Post. 22 July 2011. Посетено на 23 July 2011.
...at least 80 people shot to death at a youth political conference outside Oslo after a massive explosion in the capital’s government district killed at least seven people, according to Norwegian police
- ↑ Skevik, Erlend; Jørstad, Atle; Stormoen, Stein-Erik (22 July 2011). „Storberget: - Den pågrepne er norsk“. VG Nett (норвешки). NO. Посетено на 22 July 2011.
- ↑ „Scores killed in Norway attack“. BBC. UK. 23 July 2011. Посетено на 23 July 2011.
- ↑ „Масакр во Норвешка“. Радио Слободна Европа. 23 јули 2011. Посетено на 2011-07-23.