Прејди на содржината

Тернеузен

Координати: 51°20′N 3°50′E / 51.333° СГШ; 3.833° ИГД / 51.333; 3.833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Тернеузен
Општина
Градско собрание на Тернеузен
Градско собрание на Тернеузен
Знаме на ТернеузенГрб на Тернеузен
Местоположба во покраината Зеланд
Местоположба во покраината Зеланд
Координати: 51°20′N 3°50′E / 51.333° СГШ; 3.833° ИГД / 51.333; 3.833
ДржаваХоландија
ПокраинаЗеланд
Управа[1]
 • ОрганОпштински совет
 • ГрадоначалникЈан Лонинк (PvdA)
Површина[2]
 • Вкупна317,76 км2 (12,269 ми2)
 • Земјишна250,65 км2 (9,678 ми2)
 • Вода67,11 км2 (2,591 ми2)
Надм. вис.[3]&100000000000000040000004 м
Население (август 2017)[4]
 • Вкупно54.473
 • Густина217/км2 (560/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски бројДел од 4500
Повикувачки број0115
Мреж. местоterneuzen.nl

Тернеузен (холандски: Terneuzen) — град и општина во југозападниот дел на Холандија, во покраината Зеланд, во средина на Зеландска Фландрија. Со повеќе од 55.000 жители, таа е најнаселената општина во Зеланд.

Населени места

[уреди | уреди извор]

Тернеузен (население: 24.150), Аксел (8.274), Сас ван Гент (4.000), Замслаг (3.018), Хук (3.000), Кувахт (2.700), Слуискил (2.700), Филипине (2.200), Вестдорпе (2.028), Бирвлит (1.671), Зуидорпе (1.000), Зандстрат (379), Спуи (300), Оверслаг (250).

Топографија

[уреди | уреди извор]

Холандска топографска карта на општината (2013)

Град Тернеузен

[уреди | уреди извор]

Градот Тернеузен се наоѓа на јужниот брег на естуарот на Западна Шелда. До остатокот на Холандија може да се стигне преку тунелот „Западна Шелда“ отворен во март 2003 година. Тернеузен не е поврзан со остатокот на Холандија со железница — иако фабриката Дау Кемикал е опслужувана од единствената товарна железничка линија до Гент во Белгија (патничката железничка линија до Тернеузен била укината во 1951 година).

Првпат бил споменат во 1325 година, Тернеузен бил стратешко пристаниште до Гент, во денешна Белгија. Денес, Каналот Гент-Тернеузен е сè уште важна бродска рута. Пристаништето во Тернеузен е третото најголемо во Холандија, по оние во Ротердам и Амстердам. Најголемата фабрика на Дау Кемикал Компани надвор од САД е сместена во Тернеузен, на западната страна на Каналот Гент-Тернеузен.

Традицијата вели дека Тернеузен некогаш бил дом на легендарниот Летачки Холанѓанин, Ван дер Декен, капетан кој го опцул Господ и бил проколнат засекогаш да плови по морето, како што е опишано во романот „Фантомски брод“ од Фредерик Марјат и операта „Летачки Холанѓанин“ на Рихард Вагнер.

Добил градски права во 1584 година. Пред 1877 година, градот често бил нарекуван Незен.

Познати жители

[уреди | уреди извор]
  1. „Mayor and aldermen“ (холандски). Gemeente Terneuzen. Посетено на 17 декември 2013.
  2. „Клучни бројки за соседствата“. Статистичка линија на ЦБС. Централна статистичка служба. 2 јули 2013. Посетено на 12 март 2014.
  3. „Postcodetool for 4531GZ“. Actueel Hoogtebestand Nederland (холандски). Het Waterschapshuis. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 17 декември 2013.
  4. „Прираст на населението; региони по месеци“. Статистичка линија на ЦБС. Централна статистичка служба. 27 октомври 2017. Посетено на 27 октомври 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]