Тернезен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тернезен
Општина
Градско собрание на Тернезен
Градско собрание на Тернезен
Знаме на Тернезен
Знаме
Грб на Тернезен
Грб
Местоположба во покраината Зеланд
Местоположба во покраината Зеланд
Координати: 51°20′ СГШ 3°50′ ИГД / 
Држава Холандија
Покраина Зеланд
Управа[1]
 • Орган Општински совет
 • Градоначалник Јан Лонинк (PvdA)
Површина[2]
 • Вкупна 317,76 км2
 • Земјишна 250,65 км2
 • Вода 67,11 км2
Надм. вис.[3] 4 м
Население (мај 2014)[4]
 • Вкупно 54.771
 • Густина 219/км2
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Поштенски број Дел од 4500
Повикувачки број 0115
Мреж. место terneuzen.nl

Тернезен (холандски: Terneuzen) — град и општина во југозападниот дел на Холандија, во покраината Зеланд, во средина на Зеландска Фландрија. Со повеќе од 55.000 жители, таа е најнаселената општина во Зеланд.

Населени места[уреди | уреди извор]

Тернезен (население: 24.150), Аксел (8.274), Сас ван Гент (4.000), Замслаг (3.018), Хук (3.000), Кувахт (2.700), Слуискил (2.700), Филипине (2.200), Вестдорпе (2.028), Бирвлит (1.671), Зуидорпе (1.000), Зандстрат (379), Спуи (300), Оверслаг (250).

Топографија[уреди | уреди извор]

Холандска топографска карта на општината (2013)

Град Тернезен[уреди | уреди извор]

Градот Тернезен се наоѓа на јужниот брег на естуарот на Западна Шелда. До остатокот на Холандија може да се стигне преку тунелот „Западна Шелда“ отворен во март 2003 година. Тернезен не е поврзан со остатокот на Холандија со железница — иако фабриката Дау Кемикал е опслужувана од единствената товарна железничка линија до Гент во Белгија (патничката железничка линија до Тернезен била укината во 1951 година).

Прв пат бил споменат во 1325 година, Тернезен бил стратешко пристаниште до Гент, во денешна Белгија. Денес, Каналот Гент-Тернезен е сè уште важна бродска рута. Пристаништето во Тернезен е третото најголемо во Холандија, по оние во Ротердам и Амстердам. Најголемата фабрика на Дау Кемикал Компани надвор од САД е сместена во Тернезен, на западната страна на Каналот Гент-Тернезен.

Традицијата вели дека Тернезен некогаш бил дом на легендарниот Летачки Холанѓанин, Ван дер Декен, капетан кој го опцул Господ и бил проколнат засекогаш да плови по морето, како што е опишано во романот „Фантомски брод“ од Фредерик Марјат и операта „Летачки Холанѓанин“ на Рихард Вагнер.

Добил градски права во 1584 година. Пред 1877 година, градот често бил нарекуван Незен.

Познати жители[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Burgemeester en Wethouders“ (на холандски). Gemeente Terneuzen. http://www.terneuzen.nl/Onze_Organisatie/Bestuur/Burgemeester_en_Wethouders. посет. 17 декември 2013 г. 
  2. „Kerncijfers wijken en buurten“ (на холандски). CBS Statline. Централна статистичка служба. 2 јули 2013. http://statline.cbs.nl. посет. 12 март 2014 г. 
  3. „Postcodetool for 4531GZ“ (на холандски). Actueel Hoogtebestand Nederland. Het Waterschapshuis. http://www.ahn.nl/postcodetool. посет. 17 декември 2013 г. 
  4. „Bevolkingsontwikkeling; regio per maand“ (на холандски). CBS Statline. Централна статистичка служба. 26 јуни 2014. http://statline.cbs.nl/StatWeb/publication/?DM=SLNL&PA=37230NED&D1=17-18&D2=101-650&D3=l&LA=EN&HDR=T&STB=G1,G2&VW=T. посет. 24 јули 2014 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]