Термистор
Термистор | |
---|---|
![]() Термистор со негативен температурен коефициент (НТК) | |
Тип | пасивен |
Ел. симбол | |
![]() |
Термистор – вид отпорник чиј електричен отпор се менува со промена на температурата. Заради оваа особина, термисторите наоѓаат примена како сетилници на температурни промени.
За жал, зависноста на отпорот од температурата е нелинеарна, што го отежнува користењето на термисторите. Од друга страна, осетливоста е голема и на мали промени на температурата. Заради тоа, термисторите најмногу се користат таму каде што е потребно тестирање на граничните температури (горна и долна), а не за мерење на истата.
Термисторот се состои од пулупроводен материјал, обично некој вид метален оксид.
Начин на употреба[уреди | уреди извор]
Термисторот може да се постави во отпорен мост или напонски делител. Кај напонскиот делител (на сликата), примената на отпор со температура доведува до промена на излезниот напон, што лесно се регистрира со волтметар или понатаму се обработува со аналогно-дигитален претворувач.
Видови[уреди | уреди извор]
Главната поделба е на термистори со позитивен (позитивен температурен коефициент, ПТК) и негативен (НТК) температурен коефициент. Ако отпорот се зголемува со зголемување на температурата, тоа е ПТК термистор. Во спротивниот случај, се работи за НТК термистор.
Самозагревање и уништување[уреди | уреди извор]
При ниски температури, и многу мали струи низ термисторот може да предизвикаат доволно топлина да дојде до зголемување на температурата на истиот или смалување на отпорот. Ова смалување на отпорот предизвикува уште поголем струја низ термисторот и доаѓа до ефект на лавина, која може да го уништи термисторот (во најлош случај) или да доведе до погрешно мерење.
Заради овие проблеми, термисторот треба да биде редно (сериски) поврзан со обичен отпорник во напонски делител или мост и струјата низ термисторот треба да биде минимизирана.
Добри особини[уреди | уреди извор]
- мали димензии
- ниска цена
- голема осетливост на промена на температурата
- брза реакција
Лоши особини[уреди | уреди извор]
- Нелинеарна Р-Т карактеристика
- Ограничен температурен опсег
- Грешки при мерењата и можно уништување заради самозагревањето
Литература[уреди | уреди извор]
- Robert N. Bateson, Introduction to Control System Technology, 6th edition, Prentice Hall. ISBN 978-0-13-895483-3., pp. 288–289.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Термистор“ на Ризницата ? |
- Примена на термисторите
- А-Д претворувач со термистори
- Термистор на bucknell.edu Архивирано на 18 октомври 2004 г.
- Податоци за термистори
- Пресметка на термистор на sourceforge.net
- What Is A Thermistor? - Ametherm
- NTC Thermistor Beta with Calculator - Ametherm
- The thermistor at bucknell.edu Архивирано на 18 октомври 2004 г.
- Software for thermistor calculation at Sourceforge
- "Thermistors & Thermocouples:Matching the Tool to the Task in Thermal Validation" - Journal of Validation Technology
|