Терма

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Терма бил град во античка Мигдонија основан од Еритрејците или Коринтјаните кон крајот на 7. век п.н.е., кој подоцна станал дел од Кралството Македонија. Се наоѓал во северозападниот дел на големиот залив во Егејското Море, Термајскиот Залив.

Градот подоцна бил преименуван во Тесалоника од страна на македонскиот крал Касандар според името на својата жена Тесалоника, полусестрата на Александар Македонски, ќерка на Филип II Македонски. [1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Herodotus, the Seventh, Eighth, & Ninth Books, with Introduction [1] Reginald Walter Macan

Литература[уреди | уреди извор]

  • The Letters to the Thessalonians [2] by Gene L. Green (англиски)
  • From Mycenae to Constantinople: The Evolution of the Ancient City [3] By Richard Allan Tomlinson (англиски)
  • Hidryma Meletōn Chersonēsou tou Haimou (Thessalonikē, Greece)[4] (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]