Теренско возење

Теренско возење (англиски: off-road — „надвор од пат“) — вид активен одмор и спорт што подразбира совладување на тешкопроодни терени со различни видови возила на сите тркала (автомобили, четирицикли, мотоцикли, теренци и слично).
Теренските настани можат да се поделат во две категории: спорт и активен одмор. Во категоријата активен одмор спаѓаат теренските експедиции, рејдови и фестивали. Во спортските настани спаѓаат различни натпревари што главно се одржуваат на испресечен терен.
Спортско теренско возење
[уреди | уреди извор]За време на натпреварите во теренско возење, екипажот на теренското возило по правило се состои од две лица: возач и сопатник навигатор. Возачот мора да поседува одлични вештини за теренско и екстремно возење. Навигаторот е одговорен за навигацијата, го планира правецот на движење и му помага на возачот за време на совладувањето на патеката.
Видови теренско возење
[уреди | уреди извор]Пустинско тркање
[уреди | уреди извор]Трките со голема брзина во пустина вклучуваат брканици и возење со максимална брзина преку нерамен пустински терен исполнет со бројни вдлабнатини и нерамнини. Возачите често користат камионетки со погон на задните или на сите четири тркала, со систем за потпирање (амортизација) со голем од и широк меѓуоскино растојание меѓу предните зголемени гуми, што овозможува оптимална стабилност при голема брзина. Овие видови камионетки често се нарекуваат „трофејни камионети“ или PreRunners.[1]
Трки на карпи
[уреди | уреди извор]Трките на карпи вклучуваат возење преку карпест предел, но за разлика од „лазењето по карпи“, тука не се предвидени казнени поени за удирање во конуси, возење наназад или користење на чекрек.[2] Дополнително, трките на карпи вклучуваат ниво на брзинско тркање (како кај возилата од типот rock bouncer) кое не е карактеристично за класичното лазење по карпи.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Prerunner Building 101“. Посетено на 16 април 2026.
- ↑ „When Rock Crawling Turned Rock Racing“. Посетено на 16 април 2026.