Тера Ронка (државен парк)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Тера Ронка (на португалски: Terra Ronca) — е државен парк на заштитено природно подрачје во општината Сао Домингос во бразилската сојузна држава Гојас. Околу државниот парк e прогласено и подрачјето за заштита на животната средина Сера Жерал. Областите на овие две заштитени подрачја кои зафаќаат со површина од 57.018 ha и 40.000 хектари, се со ограничена употреба и редовно се набљудуваат и ревидираат од страна на Агенцијата за животна средина и природни ресурси на Гоијас. На ова подрачје се наоѓа една од најубавите и значајни геоморфолошки комплекси и појави на Бразил.

Во управувањето на паркот, како главен фокус е заштитата на целиот природен комплекс на регионот составен од бројни пештери со богат систем на спелеотеми, извори и реки на чисти води кои течат внатре и надвор од пештерите, како и разновидната флора и фауна во регионот, нудејќи спектаклуарни глетки и претстави за огромноста на безброј видови, вклучувајќи и некои ендемични. Областа на паркот спаѓа во доменот на морфологијата на бразилското Централно плато (висорамнина), северозападно од државата Гојас, на границата со државата Баија.

Галерија[уреди | уреди извор]