Тераса во Сент Адрес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тераса во Сент Адрес
Година1867
Медиуммаслени бои, платно
Димензии98.1 cм (38.6 ин) × 129.9 cм (51.1 ин)
СопственикЏефри Агњу, Теодор Питкерн Уреди на Википодатоците
Пристапен број67.241 Уреди на Википодатоците
Идентификувачипредмет во Мет: 437133

Тераса во Сент Адресмасло на платно од Клод Моне насликано во 1867 година. Сликата е изведена за време на владеењето на Наполеон III за време на Второто Царство. Во тоа време, на многу авангардни сликари не биле прифатени во Салонот. Тогаш, Моне ќе застане на чело на група сликари наречена Анонимно друштво на сликари, вајари и гравери.

Композиција[уреди | уреди извор]

Четири лица се претставени во еден предел, две стојат и две седат во преден план на свиткани столчиња. Двете лица кои седат се таткото на Моне и Жана Лекадр, неговата тетка, скриена под сонцебран. Композицијата е испрекината со хоризонтални линии (работ на терасата и хоризонтот), вертикални линии (двете знамиња, луѓето во близина на балустрадата) и коси линии (ориентацијата на столиците). Овие линии на сила даваат рамнотежа, речиси симетрија на целиот состав. Кадрирањето е широко, ликовите се впишани во нивната околина. Погледот е одозгора на ликовите, како да се набљудувани од прозорец. Во позадина, чамци пловат по водата, во правец на Авр.

Боја и светлина[уреди | уреди извор]

Контурите на облиците се прилично јасни, освен лицата на ликовите кои тешко се препознаваат. Моне избира реалистични бои. Доминантна на преден план е зелената од вегетацијата со светли тонови. Доминантна на позадината е загасито сина/сивкаста со придушени тонови кои се наоѓаат на небото и морето.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]