Тераписка масажа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тераписка масажа

Тераписката масажа е масажа која се користи за лекување на разни повреди и заболувања на ткива или органи. Таа е најстариот и наједноставниот начин на лекување. Во традиционалните култури, особено на Истокот, масажата се користи во секојдневниот живот на луѓето од сите возрасти.

Поделба[уреди | уреди извор]

Масажата се дели според: [1]

  • видот
  • целта

Постојат неколку видови на масажи и истите можат да се изведуваат рачно (мануелно) или со апарат:

  • рачна масажа
  • рефлексо масажа
  • Масажа шиацу
  • лимфна дренажа
  • вибрациона масажа
  • подводна масажа
  • ултразвучна масажа
  • инфразвучна масажа
  • масажа со комбиниран притисок

Според целта масажата се дели на:

  • тераписка
  • спортска
  • хигиенско-козметичка (релакс)

Терминологија[уреди | уреди извор]

Честопати терминот тераписка масажа се поврзува со терминот терапевтска масажа, што е погрешно, или дека тераписката масажа е посебен вид, која се изведува силно или е болна, итн. Тераписката масажа не е посебен вид на масажа, туку се изведува како класична масажа и е наменета за третман на разни болести на ткивата и органите, за да се намали болката или напнатоста во мускулите.

Делување[уреди | уреди извор]

За да се постигне вистинскиот ефект, треба да се направи една серија масажи (од 5-10 масажи). Можат да се направат секој ден или секој втор ден. Ефектот што го добиваме на крајот на серијата е подобрување на крвната циркулација, лимфната циркулација и релаксација односно опуштање на мускулите. Освен тоа, масажата има позитивен ефект врз метаболизмот, ја враќа нарушената рамнотежата на хормоните, ја подобрува оксигенација на ткивата и има благопријатен ефект врз нервниот систем.

Масажата е дел од физикалната терапија. Таа претставува симптоматски тип на лечење и се користи во тек на процесот на рехабилитација на повредени и болни лица, најчесто во комбинација со други методи на физикална терапија (електротерапија, кинезитерапија, хидротерапија, термотерапија).

Масажата има позитивен тераписки ефект. Таа опушта, а опуштеноста е благопријатна за нашето физичко, физиолошко и општо здравје. Таа им помага на сите органски системи во телото да оптимално ги извршуваат своите задачи и да останат во меѓусебна рамнотежа. Масажата е корисна како превентивна мерка, но и како помошно средство во лекувањето на многу здравствени проблеми.

Масажата е еден од начините за нега на тело и здрав начин на живот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Miletić, Dr. Zvezdana (2001). Osnovi masaže. Beograd: Zavod za udžbenike i nastavna sredstva,BGD. стр. 9.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Масажа-Викторија Џордан Стоун и Боб Шел
  • Масажа пат до здравјето и уживањето - Розана Сонато
  • Основи на масажа - Зведана Милетиќ, Синиша Зориќ

Надворешни врски[уреди | уреди извор]