Терапевтски мониторинг на лекови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Терапевтски мониторинг на лекови (TDM, од англиски: therapeutic drug monitoring) е гранка на клиничката хемија и клиничката фармакологија која се занимава со мерење на концентрацијата на лековите во крвта. Нејзиниот главен фокус се лековите со тесен терапевтски опсег.[1]

Карактеристики на лековите кои се предмет на TDM[уреди | уреди извор]

TDM ќе биде корисен ако се исполнети следните услови:

  • Лек кој има мал тераписки опсег (антиепилептици, теофилин, аминогликозиди, антибиотици, литиум, дигоксин)
  • Постои директна врска помеѓу нивото на лекот или неговиот метаболит во плазмата и фармаколошкиот или токсичниот ефект,
  • Терапевтскиот ефект не може лесно да се оценува од страна на клиничката опсервација, ефектот е тешко мерлив (антиепилептици, теофилин, антиаритмици)
  • Голема индивидуална варијабилност во steady state плазма концентрација во било која дадена доза
  • При истовремена терапија на се поголем број лекови со цел да се утврди правилниот режим на дозирање поради можните интеракции помеѓу лековите
  • Достапни соодветни аналитички техники за да се утврди нивото на лекот и метаболитот.

Примери за лекови кај кои вообичаено се раоти TDM се:[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Marshall WJ, Bangert SK. Clinical Chemistry, 6th Edition. Edinburgh, London: Mosby Elsevier. 2008.