Винички теракотни икони

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Теракотни икони)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сцена од Давидовиот псалм, теракотна икона од Виница. Иконата е присутна на предната страна на 200 денари.

Теракотните икони се археолошки пронајдоци, икони по својата содржина и облик, кои се светска реткост во областа на ранохристијанската археологијата. Иконите се пронајдени во наоѓалиштето Кале во Виница (Виничко кале.[1]

Особености[уреди | уреди извор]

Фондот на икони работени во печена глина е пронајден со археолошки ископувања. 60-тина цели и стотина фрагменти керамички икони се откопани во периодот од 1985 до 2002 година. Тие се откопани во наоѓалиште во близина на градот Виница во Источна Македонија.

Свети Христофор и Свети Георги; Свети Тодор

Постојат средновековни икони, работени на дрвена подлога со темперни бои, кои засега се најстари и се смета дека потекнуваат од периодот на крајот на Xвек до крајот на XIV век. Теракотните икони претставуваат дела од ранохристијанството и се смета дека потекнуваат од крајот на IV до крајот на VII век.

Двете групи на икони во македонската колекција се изработувани во различни материјали и калапи: керамика работена со калап во повеќе реплики, во длабок релјеф, со димензии приближно 32x30x4.5 и 32x20x45 см, и штафелајните работени на дрвена подлога со темперни бои, со различни димензии од кои најголемата приближно 110x80x3 см.

Во керамичните икони, според високите пластични и ликовни вредности, техничка реализација и зачуваност и иконографските посебности, карактеристични се претставите на поединечни светители, какви што се: Архангелот Михаил и Св. Теодор Драконоубиец. Меѓу композициите се присутни Исус Навин и Калеб, Св. Кристифор и Св. Ѓеорги, прикажани како воини, кои со копја убиваат змии.

Во текот на археолошките истражувања меѓу виничките икони, се откриени и неколку керамички плочки со теми од паганската митологија, како и теми во кои се обработуваат историски содржини и настани.

Останати примероци[уреди | уреди извор]

Познатите примери на мозаичното фрескосликарство од ранохристијанскиот период, во македонските антички градови: Хераклеја (Битола), Лихнидос (Охрид), Стоби (Градско) и други, датирани во периодот од IV до крајот на VI век. Тие ги прикажуваат уметничките и креативните способности на непознати мајстори, како и стилот, технологијата и техниката на изработката, како и иконографијата застапена низ мноштво теми, но не се знае за икони изработени во првите три века, со што не може да се зборува за континуитет за создавање на икони.

Старозаветните теми како и илустрацијата на псалмите Давидови, светителите претставени без ореоли околу главата, сигнатурите испишани со латински букви, употребата на симболи создадени и употребувани уште од времето на катакомбите во Рим, укажуваат на стилот и творештвото карактеристично за епохата на раното христијанство. Бројните керамични плочи пронајдени во неколку базилики во Тунис, претставуваат единствените досега познати компаративни материјали, датирани во V-VI век, со сосема друга функција во декорацијата на базиликите.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Керамичките релјефни плочи од Виница“, Елизабета Димитрова, Управа за заштита на културното наследство, Скопје, 2017.

Литература[уреди | уреди извор]

  • „Керамичките релјефни плочи од Виница“, Елизабета Димитрова, Управа за заштита на културното наследство, Скопје, 2017.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надврешни врски[уреди | уреди извор]