Тео Бос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тео Бос
Бос на Јапонскиот куп 2012
Лични податоци
Цело име Тео Бос
Роден 22 август 1983 (1983-08-22) (воз. 34 г.)
Хирден, Холандија
Висина 1,90 м
Маса 77 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Дименжн Дата
Дисциплина Друмски и велодромски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Професионални клубови
2009
2010
2011–2014
2015-
Рабобанк Континентал Тим
Сервело ТестТим
Рабобанк
МТН Кубека
Последна промена
7 јануари 2016

Тео Бос (холандски: Theo Bos; р. 22 август 1983) — холандски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Дименжн Дата.[1] Бос е олимписки сребрен медалист и петкратен светски првак.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Бос е роден во Хирден, Холандија. Има постар брат Јан Бос, кој се занимава професионално со брзото лизгање.

Во 2001 годдина бил светски велодромски јуниорски првак во трката на 1.000 метри. Истата година, на 18 години, ја започнал неговата професионална кариера.

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Велодромски велосипедизам[уреди | уреди извор]

Освоил сребрен медал на Летните олимписки игри 2004 на спринтот.

Победил на спринтот на Светското велодромско првенство UCI 2004. Следната година, го освоил индивидуалниот спринт и сребрениот медал во екипниот спринт на Светското велодромско првенство UCI 2005.

На Светското велодромско првенство UCI 2006, Бос победил во кеирин и постигнал троен успех, станувајќи светски првак во спринт, кило и кеирин. Победил на кеирин откако забрзал во двата последни круга, победувајќи го голема разлика и успевајќи да ги подигне рацете и да ѝ отпоздрави на публиката на целта.[2] Неговиот француски соперник и бронзен медалист, Арно Турнан, изјавил дека резултатот на Бос бил „најдоброто нешто што не сум го видел долго време“.

На 16 декември 2006 година, Бос го срушил светскиот велодромски рекорд на 200 метри во текот на квалификациите за спринт на настан од Светскиот куп во Москва. Бос извозел за 9,772 секунди (иако компјутерот првично му избројал 9,086 секунди) и го урнал 11-годишниот рекорд на Канаѓанецот Курт Харнет. Бос објавил дека 200 метри е „краен рекорд“ за велодромските велосипедисти.[3] Пет дена подоцна, Бос бил избран за холандски спортист на годината. Рекордот на Бос бил срушен од Французинот Кевин Сиро на Москва ГП на 29 мај 2009 година со 9,65 секунди.

Друмски велосипедизам[уреди | уреди извор]

На 19 април 2009 година, Бос се нашол во контроверзниот пад во последните 800 метри на последната етапа на Трката околу Турција. Наводно, Бос предизвикал да падне крајниот победник Дарил Импи допирајќи го левото рамо на Импи со неговата десна рака. Импи паднал на лево, во барикадите, веднаш до Бос. Бос признал дека го бутнал Импи. Бос тврдел дека причините за буткањето на Импи била бидејќи Импи се движел кон него, додека тој веќе бил близу оградата.[4][5][6] Бос бил дисквалификуван и казнет. На 1 мај 2009 година, Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) изјавил дека „однесувањето на Бос ги поткопува сликата, угледот и интересите на велосипедизмот“. Бос бил казнет поради непочитување на правилата и бил донесен пред дисциплинско сослушување на UCI, на кое бил прогласен за виновен поради кршење на правилата на UCI. Подоцна, Бос бил суспендиран од професионалното возење од 15 август до 14 септември 2009 година.

Надвор од сезоната пред 2010 година, Бос потпишал со екипата Сервело ТестТим, во која бил поранешниот победник на Тур де Франс Карлос Састре. Бил прикажан како засилување на нивната спринтерска екипа. Возел на повеќе помали трки, но и на некои големи, како Париз-Рубе и Вуелта а Еспања. Кога Сервело Тест Тим се распаднал кон крајот на 2010 година, Бос се вратил во екипата Рабобанк. Негов прв триумф во 2011 година бил на првата етапа на Трката околу Оман, победувајќи го Марк Кевендиш во спринтерска завршница.

Во 2012 година, ја освоил првата и последната етапа на Трката околу Турција. На обете трки имало падови при крајот, намалувајќи го бројот на спринтери со кои морал да се бори Бос.[7] Бос ја освоил првата победа во неговата кариера во Светската турнеја на Енеко Тур 2012. На третата етапа од Римст до Генк, го претекнал Џон Дегенколб (Аргос-Шимано) на целта во масовен спринт.[8]

Екипата настапува со цел која е многу повеќе отколку победа на трки и тоа е Кубека, општествена иницијатива која цели децата од Африка да седнат на велосипед. Навистина го сакам овој човечки елемент на екипата. Се надевам дека ќе успеам да донесам одредени обожаватели со мене кон екипата, што ќе овозможи нова поддршка на иницијативата на Кубека

Тео Бос

Бос бил првично избран како член на екипата на Белкин за Вуелта а Еспања 2013, меѓутоа бил повлечен пред почетокот на трката откако тестовите откриле дека имал ниски нивоа на кортизол. Изјавата на екипата велела дека ова било „показател за неповолни здравствени услови“ и дека иако ниските нивоа на кортизол не биле пречка за настап на трките од Светската турнеја UCI, медицинскиот персонал на екипата и Бос се согласиле дека е подобро да биде дома.[9] Подоцна, Бос потврдил дека неговата состојба била поради екстремна реакција на лековите за астма.[10]

Бос ќе вози за професионалната континентална екипа МТН Кубека од 2015 година натаму.[11] Бос рекол дека „екипата има одлична култура, јас сакам да победувам и ние заедно ќе работиме да победуваме, нашиот успех е успехот на Африка.“[12]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Велодромски велосипедизам[уреди | уреди извор]

2001
1. Светско јуниорско првенство — хронометар од 1 км
2002
1. Европско првенство под 23 години — кеирин
2. Европско првенство под 23 години — хронометар од 1 км
2. Европско првенство под 23 години — спринт
2003
1. Европско првенство под 23 години — хронометар од 1 км
1. Европско првенство под 23 години — спринт
1. Национално првенство — хронометар од 1 км
1. Национално првенство — спринт
2. Европско првенство под 23 години — кеирин
2. Светски куп во Москва — хронометар од 1 км
2004
1. Светско првенство — спринт
1. Светски куп во Москва — хронометар од 1 км
1. Национално првенство — спринт
1. Национално првенство — кеирин
2. Олимписки игри — спринт
2. Светски куп во Манчестер — хронометар од 1 км
2. Светски куп во Москва — екипен спринт
3. Светско првенство — хронометар од 1 км
3. Светски куп во Москва — спринт
2005
1. Светско првенство — хронометар од 1 км
1. Светски куп во Лос Анџелес — хронометар од 1 км
1. Светски куп во Лос Анџелес — екипен спринт
1. Светски куп во Манчестер — спринт
1. Светски куп во Сиднеј — кеирин
1. Светски куп во Сиднеј — спринт
2. Светско првенство — екипен спринт
2. Светски куп во Манчестер — екипен спринт
2006
1. Светско првенство — кеирин
1. Светско првенство — спринт
1. Светски куп во Москва — спринт
1. Светски куп во Сиднеј — кеирин (2006–1)
1. Светски куп во Сиднеј — кеирин (2006–2)
1. Светски куп во Сиднеј — екипен спринт (2006–1)
1. Национално првенство — спринт
1. Национално првенство — кеирин
2. Светски куп во Москва — екипен спринт
2. Светски куп во Сиднеј — екипен спринт (2006–2)
2007
1. Светско првенство — спринт
1. Мастерс оф Спринт
1. Ротердам Спринт Куп
1. Национално првенство — спринт
1. Национално првенство — кеирин
2. Светско првенството — кеирин
2008
3. Светско првенство — екипен спринт
2010
1. Национално првенство — медисон (заедно со Петер Схеп)
2011
3. Светско првенство — медисон (заедно со Петер Схеп)
2012
2. Национално првенство — хронометар од 1 км
2015
1. MaillotHolanda.PNG Национално првенство - кило
1. MaillotHolanda.PNG Национално првенство - индивидуален спринт

Друмски велосипедизам[уреди | уреди извор]

2009
Трка Олимпија
1. Пролог
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Трка околу Северна Холандија
1. Омлоп дер Кемпен
3. Ронде ван Оверејсел
4. Класик Бевербек
2010
1. Класика де Алмерија
1. Етапа 5 Вуелта а Мурсија
Вуелта а Кастилја и Леон
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Бодовен пласман
2011
Трка околу Оман
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Тур де Рејке
1. Етап 6 Трка околу Данска
1. Дач Фуд Вали Класик
2. Делта Тур Зеланд
8. Шелдепрејс
2012
1. Дварс дор Дренте
1. Дач Фуд Вали Класик
1. Меморијал Рик ван Стенберген
Трка околу Турција
1. Етапа 1
1. Етапа 8
1. Етапа 3 Енеко Тур
1. Етапа 2 Светски пристаништен класик
3. Класика де Алмерија
3. Шелдепрејс
2013
Трка околу Хајнан
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Етапа 7
1. Етапа 9
Тур де Лангкави
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 2 Волта ао Алгарве
1. Етапа 1 Критериум Интернасионал
1. Етапа 3 Трка околу Норвешка
1. Етапа 2 Стер ЗЛМ Тур
8. Шелдепрејс
9. Делта Тур Зеланд
2014
1. MaillotCyan.PNG Краен пласман Светски пристаништен класик
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
Тур де Лангкави
1. Етапа 2
1. Етапа 7
1. Етапа 8
1. Етапа 9
1. Етапа 3 Трка околу Полска
1. Етапа 4 Трка околу Алберта
2. Хандзаме Класик
3. Краен пласман Тур де л’Еурометропол
1. Етапа 3

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди | уреди извор]

Гранд Тур 2010 2011 2012 2013 2014 2015
Jersey pink.svg Џиро СО
Jersey yellow.svg Тур
Jersey red.svg Вуелта СО СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Стивен Фаранд. „Transfers: MTN-Qhubeka confirms Bos as team sprinter“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 2 септември 2014 (конс. 2 септември 2014 г).
  2. [1]
  3. [2]
  4. [3]
  5. [4]
  6. Пад на Тео Бос и Дарил Импи - етапа 8, Трка околу Турција
  7. Грабовски победи на Трката околу Турција 2012“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 29 април 2012 (конс. 8 август 2012 г).
  8. Бос ја освои спринтерската победа во Генк“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 8 август 2012 (конс. 8 август 2012 г).
  9. Reuters (24 август 2013). „Вуелта а Еспања = Бос се повлекува поради „здравствени проблеми““. http://uk.eurosport.yahoo.com/news/cycling-bos-late-withdrawal-vuelta-142802290.html. конс. 27 август 2013 г. 
  10. „Тео Бос потврди дека лековите за астма го приморале на повлекување од Вуелта а Еспања“. 24 септември 2013. http://www1.skysports.com/news/12040/8937433/. конс. 26 октомври 2013 г. 
  11. Стивен Фаранд. „Трансфери: МТН-Кубека го потврди Бос како спринтер на екипата“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 2 септември 2014 (конс. 2 септември 2014 г).
  12. Тео Бос се приклучува на екипата МТН-Кубека“, 2 септември 2014 (конс. 2 септември 2014 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Рекорди
Претходник
Курт Харнет
Хронометар на 200 метри
светски рекордер

16 декември 2006 – 29 мај 2009
Наследник
Кевин Сиро
Награди
Претходник
Јури ван Гелдер
Холандски спортист на годината
2006
Наследник
Свен Крамер