Теорија на интерфејсот (книга)
Автор | Олег Јекниќ |
---|---|
Изворен наслов | Теорија интерфејса |
Земја | ![]() |
Јазик | српски |
Теорија на интерфејсот (срп.: Теорија интерфејса) е книга на српскиот теоретичар на медиуми, историчар на филмот и режисер Олег Јекниќ објавена во 2014 година.[1]
Книгата ги разгледува прашањата кои се актуелни во современата теорија на медиуми: што е интерфејс и која му је улогата во комуникацијата; што е медиум; каква е разликата помеѓу медиумот и интерфејсот, и во каков однос се наоѓаат тие. Во неа е даден историско-аналитички преглед на концептот на интерфејсот, од античките мислители до модерните филозофи и теоретичари, како што се Имануел Кант, Анри Бергсон, Морис Мерло-Понти, Маршал Маклуан, Џејмс Џером Гибсон, Лев Манович, Марк Хансен и други.
Во книгата Јекниќ ја дал и својата оригинална теорија на интерфејсот и медиумите воопшто, реконцептуализирајќи го Маклуановиот став за мноштвото медиуми — со сопствен заклучок за еден медиум и мноштвото интерфејси.
Издавач на монографијата е Центарот за медиуми и комуникации при Факултетот за медиуми и комуникации на Универзитетот „Сингидунум“ во Белград. Рецензенти на изданието се професорите Миодраг Шуваковиќ и Новица Милиќ. Графички книгата ја обликувал Борут Вилд.
Книгата настанала врз основа на докторската дисертација „Општа теорија на медиумите заснована на теоријата и функцијата на интерфејсот во интерактивната комуникација“ одбранета во 2009 година во Белград.[2]
Содржина[уреди | уреди извор]
- Предговор
- Вовед
- Теориски рамки
- Основни поими
- Субјект и објект
- Медиум
- Интерфејс
- Основни поими
- Интерфејсен модел на комуникација
- Гибсоновата теорија на директна перцепција
- Интерфејсен модел на комуникација
- Интерфејсен модел во телекомуникациите
- Интерфејсен модел и Маклуановата теорија на медиуми
- Телото како интерфејс
- „Топологија“ на субјективитетот
- Имануел Кант – Телото како епистемолошка граница
- Морис Мерло-Понти – Феноменолошко тело
- Анри Бергсон – Афективно тело
- Марк Хансен – Телото во кôдот
- Современи теории на интерфејсот
- Перцепцијата како интерфејс
- Знакот како интерфејс
- Кôдот како интерфејс
- Фантазијата како интерфејс
- „Интерфејс на интерфејсот“
- Заклучок
Додатоци: Цртежи и табели, Литература, Индекс на имиња и Индекс на поими
Стручна рецепција[уреди | уреди извор]
Јекниќевиот научен придонес за теоријата на медиумите е оценет како значаен:
„Олег Јекниќ успешно и оригинално ја поставил и разработил општата теорија медиумите и теоријата на интерфејсот. Со своите аргументации назначил сериозни и темелни заклучоци за 'природата' на техничките медиуми и нивната комуникациска улога. Неговите теориски резултати во нашата средина се сосем нови и ветувачки. Многу ретки се научните студии кои се занимаваат со феноменалноста на новите медиуми на така широк и разработен фон на соочување на филозофските и теоријските епистемологии.“ — Комисија за одбрана на докторската теза, 2009.[3]
За иновативноста на новата теорија рецензентот на книгата, проф. д-р Миодраг Шуваковиќ, вели:
„Теориската иновација на ова интердисциплинарно научно дело содржана е во тезата и аргументацијата поимот на интерфејсот да презема цела низа на значења и функции кои припаѓале на традиционалниот поим за медиуми. Јекниќ извел извонредно сложено истражување кое го водело кон нова и оригинална научна и поетичка теорија за техничко-филозофските и теориско-естетичките толкувања на смислата, улогата и функциите на медиумите и интерфејсот во современата уметност и култура.“ — Миодраг Шуваковиќ, во: Јекниќ, Олег. Теорија на интерејсот, задна корица на книгата, 2014[4]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Теорија на интерфејсот (книга, инфо), Проект Растко - Македонија, 2014.
- ↑ „Професор Олег Јекниќ докторирал на Универзитетот за уметности“, Академија на уметностите, Белград, 2009
- ↑ Комисија за одбрана на докторска теза во састав: Миодраг Шуваковиќ, Невена Даковиќ, Весна Микиќ, Новица Милиќ и Јерко Денегри, Група за теорија на уметноста и медиумите на Интердисциплинарните докторски студии на Универзитетот за уметности во Белград, 5 септември 2009.
- ↑ Олег Јекниќ: Теорија на интерфејсот Архивирано на 14 јули 2014 г., за книгата, официјална страна на издавачот