Теоретска психологија
Теоретска психологија - се занимава со теоретски и филозофски аспекти на психологијата и претставува интердисциплирана област со широк опсег на истражувања кои се фокусираат на комбинирање и инкорпорирање на веќе постоечките и развивање на теории за експерименталната психологија. Теоретската психологија е интердисциплнарна област во која се вклучени психолози специјализирани за широк спектар на психолошки гранки. Имало неколку истакнати пионери во теоретската психологија како Вилхем Вундт, Вилијам Џејмс, Сигмунд Фројд и Џон Б. Ватсон. Исто така имало бројни значајни соработници, меѓу кои Џером Каган, Алан Е. Каздин, Роберт Стернберг, Кенет Ј. Герген и Улрик Нијсер. Овие соработници често објавуваат во различни списанија, вклучувајќи ги најистакнатите за теоретска психологија, меѓу кои и Journal of Theoretical and Philosophical Psychology. Многу други организации почнуваат да ја препознаваат теоретската психологија како формална поделба на психологијата.
Потекло
[уреди | уреди извор]Теоретската психологија потекнува од филозофијата, поспецифично од научната филозофија. Филозофијата тежнее да ја разбере природата и структурата на концептите, законите во кои овие концепти се применуваат и теориите кои ги комбинираат овие закони заедно. Една од овие специфични гранки на научната филозофија е теоретската психологија. Научната филозофија не користи научни методи за емпириско изведување на идеји за физичкиот свет преку спроведување на експерименти и толкување на нивните резултати. Како и да е сепак се работи за наука која што ја нагласува логиката и рационалноста зад самата наука, фрлајќи светлина на она што не може да биде објаснето преку емириски мерки. Исто така, има метафизички и епистемолошки фокус на сите луѓе додека ја инкорпорира природата и базичното човеково знаење. Исто како што научната филозофија е поврзана со науката, теоретската психологија е поврзана со психологијата, теоретската психологија е логички и рационално применета на концептите, законите и теориите. Теоретската психологија не е во позиција каде што теориите се оценуваат за вистинитоста и точноста. Многумина ја сметаат теоретската психологија како поддршка или рационализација на идејата за поголема вистинитост во психолошките теории, но тоа не е случајот. Теоретската психологија научно е заснована на пописот идејата која што се признава низ епистемологија[1].